Бактериската вагиноза е непријател на секоја трета жена, но многу жени не знаат што е и ја поврзуваат со други полови болести.
Тоа означува нарушување во составот на вагиналната флора, а симптомите се непријатен мирис, пообилен исцедок, а понекогаш и чешање или пецкање по и при мокреењето.
Причините не се целосно откриени, но најчесто се јавува поради недоволна интимна нега, што може да ја наруши природната киселост на матката и да предизвикаат раст на штетни микроорганизми.
Симптомите исто така може да бидат изразени и за време на менструалниот циклус, употребата на контрацепција, бременост или менопауза.
Се смета дека најчеста причина за бактериската вагиноза е Gardnerella vaginalis.
Таа бактерија живее во матката и во дебелото црево, но различното сексуално однесување може да доведе до развивање на бактериската вагиноза.
Зголемен ризик секако носи и стапувањето во сексуален однос со нов или со повеќе партнери, користење парфемирани сапуни, перењето на долна облека со интензини детергенти, оралниот секс, пушењето…
Околу половина жени може да немаат никакви симптоми или пак да не бидат свесни за нив.
Постоењето на вагинозата може да го проверите со земање брис кај вашиот матичен гинеколог.
Резултатите се достапни во рок од една недела, а бактериската вагиноза е потребно да се лекува за да не предизвика разни компликации.
Ако не се лекува за време на бременоста, може да предизвика спонтан абортус или предвремено породување.