Ако седите со прекрстени нозе, ако спиете со една рака под перницата или долго сте во иста положба, ќе почувствувате трнење, пецкање или боцкање во тие делови на телото.
На сите ни се случило мускулите да ни се успијат, но малку е познато зошто се случува тоа.
Се работи за појава која во медицината е позната како паретезија (lat. paresthesia) и како што на сите ни е познато, прилично е вообичаена.
Најчеста причина е привремено ослабен или спречен доток на крв кон одреден дел од телото, но трнењето може да биде предизвикано и од сериозни состојби, како синдром на хипервентилација или напади на паника.
Исто така, до оваа појава доаѓа и кога нерв трпи притисок, поради што неговата функција е оневозможена. Решавањето на овој проблем е едноставно- доволно е да го ослободиме нервот од притисокот и тој непречено ќе продолжи да ги врши своите функции.
Ако трнењето прерасне во хронична состојба, лекарите најчесто се сомневаат дека постои проблем во работата на невроните или циркулацијата.
Покрај тоа, постои и парестезија, т.е. упорна анестезија, минлива или потенцијално постојана состојба која се јавува по примање на локална анестезија, најчесто во стоматологијата.