Home / природен лек / Ленено семе – рецепт за лек за гастрит, срце, холестерол, притисок

Ленено семе – рецепт за лек за гастрит, срце, холестерол, притисок

Лененото семе содржи бројни здрави компоненти, меѓу кои најдобра репутација имаат омега 3 масните киселини, лигнаните и хранливите влакна.

laneno-seme-1408876062-45062Омега 3 масните киселини имаат одличен ефект на кардиоваскуларниот систем, лигнаните кои припаѓаат во групата на фитоестрогени имаат одлични антиоксидантни својства, а хранливите влакна се неопходни за правилна работа на дигестивниот систем.

Иако сеуште се работи на истражување на делотворноста на лененото семе постојат индикатори кои покажуваат дека поради својот состав тие се одличен сојузник во превенција и справувањето на низа здравствени состојки, меѓу кои заболувањата на кардиоваскуларниот систем, регулирање на дијабетисот и справување со менопаузата.

Бабин лек од ленено семе за токсини во крвта 

Истражувањата покажале дека лененото семе делува благотворно на кардиоваскуларниот систем. Тоа го намалува ризикот на појава на хронични воспаленија на телото, ги намалува веќе постоечките воспаленија и ги нормализира срцебиењето.

Омега 3 масните киселини исто така ги намалуваат наслагите од артериите, така што делуваат одлично како превенција и го намалуваат ризикот од срчев удар, а делуваат благотворно и на опоравувањето по срчев удар. Лененото семе воедно успешно ги регулира и нивото на холестерол во крвта. Само 4 лажици ленено семе дневно се доволни за да го зголемите добриот холестерол и да го намалите лошиот.

624-400-leneno-seme-ryce-dlani-shepiПрелиминарните истражувања покажуваат дека лигнаните, кои се дел од составот на лененото семе, успешно го регулираат и нивото на шеќер во крвта со што го намалуваат ризикот од појава на тип 2 дијабетис.

Алфа линоленската киселина присутна во лененото семе исто така е одлична превенција од губење на коскената маса, со што штити од остеопероза. Понатака тие имаат и благо лаксативно дејство и се одличен извор на витамин Е и бројни минерали како калциум, магнезиум, железо, калиум, селен и цинк.

Како извор на фитоестрогените лигнани, се покажало дека можат да понудат заштита од карцином на дојка и јајници кај жените, а воедно имаат позитивно дејство на овулацијата така што ја продолжуваат втората половина на циклусот во која доминира хормонот прогестерон. Придобивките од ова се повеќекратни, па така кај жените на возраст од 35 до 55 години допринесуваат за рамнотежа на хормоните и ги намалуваат симптомите на ПМС, додека кај постарите жени ги ублажуваат симптомите на менопауза.

За зајакнување на организмот

Дневно земајте 2 лажици смелено ленено семе, помешајте го со овошен сок, јогурт, бело кафе, супа или чорба. Семето треба да биде свежо смелено!

framar_leneno_seme_za_otslabvaneПротив болести на срцето

Измешајте 3 лажици леноно масло со 6 лажици младо немасно сирење и изматете го тоа со миксер 1 минута. Доколку смесата е прегуста додадете 2 лажици млеко. Јадете го тоа секое утро на празен стомак.

За намалување на холестеролот

Измешајте по 100 гр. смелено ленено семе, сусам и сончоглед и 100 гр. кокосово и крупно мелено пченкарно брашно, ставете го во чиста тегла. Секое утро 30 денас, на празен стомак земајте по 2 лажици од оваа мешавина и промешајте ги во јогурт. Сигурно ќе го намалите нивото на холестеролот во крвта.

Против рак

Смелете 2 лажици ленено семе и додајте пола шоља или една шоља свежоо избледирано овошје. Најдобро е да користите боровница, малини или јагоди, бидејќи содржат елагична киселина, супстанца која е незаменлива во борбата против ракот, ама наместо нив може да ви послужат и цреши, јаболки, праски, ананас, банани, помаранџи, рибизли и грозје. Доколку смесата е премногу густа, додадете свежо цеден сок или млеко.

2 рецепти против запек

Секое утро на празен желудник, изедете 1 лажица сурово семе. Џвакајте го што подолго. Потопете 1 лажица ленено семе во шоља со млака вода, оставете да остои 6 сати, водата истурете ја, а семето изедете го пред спиење.

gastrit zeludnikЗа болести на желудникот

1 лажица од корен од гавез измешајте со 1 лажица ленено семе, потоа ставете 2 dl ладен чај од камилица. Привремено измешајте го чајот со дрвена лажица, а по 2 часа процедете го и пијте го незасладен, пола сат пред јадење, 2 до 3 пати на ден.

Регулатор на притисокот

Семето содржи и растворливи и нерастволиви билни влакна и тоа повеќе од повеќето житарици. Единствен е и по тоа што содржи  тагландин, супстанца која го регулира крвниот притисок и функцијата на артериите, тоа игра важна улога во метаболизмот за калциумот и настанување на енергија.

Како да го користите лененото семе во исхраната?

Својата исхрана можете да ја збогатите со малку труд на многу начини:

  • Купете мелено ленено семе или сами мелете го (кога семето е цело поголемиот дел поминува несварено низ цревата, при што не успевате да ги добиете здравствени придобивки. За мелење можете да користите електрична мелница за кафе)
  • Додадете ленено семе во јадењата кои обично ги јадете (јогурт, овесни снегулки, па дури и супа)
  • Користете го во печење (како додаток во брашното за леб, колачи, палачинки или пециво)
  • Чувајте го семето во фрижидер (целите семки ја задржуваат свежината и хранливоста, но мелените треба да се чуваат на ладна температура)

Бремените жени и доилките треба да го избегнуваат лененото семе бидејќи не е докажано дали и како влијаат на развојот и растот на бебето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top