Home / Болести и лечење / Здивот на луѓето го открива ракот на желудникот, чир,..

Здивот на луѓето го открива ракот на желудникот, чир,..

Брзото и едноставно тестирање на здивот на луѓето, може да открие рак на желудникот, пишува британското специјализирано списание „Бритиш Џорнал оф Кансер“, повикувајќи се на истражувањата што ги направиле кинеските и израелските научници.

exp_human084Со истражувањето биле опфатени 130 лица, при што е утврдено дека со тестот во 90 отсто случаи е откриен рак на желудникот, разликувајќи го од другите желудечни проблеми. Од вкупниот број пациенти, 37 имале рак, 32 чир, а кај 61 се откриени други болести на желудникот.

Тестот што го применувале Кинезите и Израелците успеал да направи разлика и меѓу почетната, од напреднатата фаза од ракот на желудникот.
Британското списание забележува дека овој тест би можел да има револуционерна улога и значително да го забрза начинот на кој се дијагностицира овој вид рак.

Сега болеста се открива со биопсија на слузокожата на желудникот. Со новиот тест се откриваат хемикалиите во здивот на луѓето кои, според научниците, се единствени за ракот на овој човечки орган.
Научниците во другите делови од светот ја испитуваат можноста преку здивот да може да се дијагностицира и друг вид рак, вклучувајќи го и ракот на белите дробови.

Резултатите од овие истражувања се охрабрувачки, иако со студијата би требало ова откритие да биде потврдено со поголем размер на луѓе на кои се правеле тестовите. Само една петина од пациентите може да биде опфатена со хирушка интервенција за отстранување на туморот, затоа што повеќето карциноми на желудникот се откриваат кога веќе се наоѓаат во поодмината фаза. Секој тест со кој порано ќе се постави дијагнозата може да ги измени изгледите за долгорочно преживување на пациентите-изјави за списанието Кејт Лоу, директор за клинички истражувања во британската фондација „Кансер Рисрч“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top