Home / аларм / Премногу сон може да ве убие!

Премногу сон може да ве убие!

Доколку редовно спиете повеќе од 9 часа, тоа може да биде знак на одредена медицинска состојба, но дури и сè да е во ред со вас, се изложувате на голем број ризици по вашето здравје. Откријте кои се најголемите проблеми кои можат да настанат доколку премногу спиете…

Се зголемува ризикот од депресија

spieВо 2014 година била спроведена една студија на возрасни близнаци каде што истражувачите откриле дека спиењето повеќе од 9 часа во текот на ноќта може да го зголеми ризикот за развивање депресија и до 49%.

Може да влијае негативно врз вашиот мозок

Една студија од 2012 година ни открива дека постарите жени кои континуирано спиеле повеќе од 9 часа секоја вечер (или помалку од 5) во период од 6 години искусуваат влошување на функционалноста на нивниот мозок.

Потешко е да забремените

Во 2013 година, истражувачки тим од Кореа ги анализирал навиките за спиење на повеќе од 650 жени кои поминувале низ ин витро оплодување. Тие откриле дека шансите за бременост биле поголеми кај оние жени кои спиеле од 7 до 8 часа, а најмали кај оние кои спиеле од 9 до 11 часа.

Претераното спиење може да го зголеми ризикот за дијабетес

Во една мала студија спроведена во Квебек, истражувачите откриле дека луѓето кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта имале поголеми шанси при развивање дијабетес од тип 2 или намалена толерантност на гликозата во период од 6 години, за разлика од оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа во текот на вечерта.

Може да предизвика покачување на телесната тежина

Истите истражувачи од Квебек во период од 6 години ја набљудувале и телесната тежина на своите испитаници. Тие откриле дека оние кои спиеле од 9 до 10 часа секоја вечер имале 25% повеќе шанси да качат 5 килограми, дури и доколку биле на одреден режим на исхрана и физички активни.

Негативно влијание врз срцето

Едно истражување од 2012 година ни покажува дека спиењето над 8 часа секоја вечер може да се поврзе со зголемен ризик од различни срцеви заболувања. Истражувачите ги анализирале податоците од над 3.000 луѓе и откриле дека оние кои спијат многу имаат поголем ризик од развивање ангина како и болест на коронарната артерија.

Претераното спиење може да доведе до рана смрт

Во 2010 година истражувачите направиле ревизија на 16 различни студии кои вклучувале 1.382.999 испитаници и откриле дека ризикот од рана смрт кај оние кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта е 1,3 пати поголем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top