Home / Болести и лечење / Црвен, жолт или шарен? Што говори бојата на јазикот за вашето здравје?

Црвен, жолт или шарен? Што говори бојата на јазикот за вашето здравје?

jazik

Црвен јазик

Ако вашиот јазик има црвена боја (промената ќе биде суптилна, но сепак воочлива), тоа може да биде знак за недостаток од витамин Б12. Недостаток од тој витамин може да предизвика невролошки проблеми како и деменција при старост. Б12 е исклучително важен витамин и затоа зголемете го внесот на намирници кои го содржат овој витамин како на пример црвеното месо и млечните производи.

Бел јазик

Освен она традиционалното сваќање дека белиот јазик се јавува како симптом при проблеми со грлото, тој исто така може да значи и присуство на гливици. Гливиците пак се јавуваат после проблеми од намален имунитет, но и како последица од лоша хигена на устата. Исто така белиот јазик може да биде и знак за витилиго (кожно заболување).

Жолт јазик

Ова не се случува често, но јазикот понекогаш знае да пожолти. Тоа може да настане од некоја храна, но и од недоволна хигена. Истотака и гливична инфекција може да предизвика жолта боја, а жолтилото може да се појави и од воздригнување.

Целосно син јазик

Ваква боја на јазикот знае да се јави кај лица кои пијат многу кафе и кои многу пушат. Не е некој сериозен проблем, но на долг рок би можело да се јават одредени проблеми. Обидете се темелно да го исчистите јазикот, затоа што после такво чистење проблемот би требало да изчезне. Ако тоа не е случај, консултирајте се со доктор.

Шарен јазик

Кога велиме шарен, мислиме на комбинација од бел, црвен, син, жолт. Најчесто се јавува последица од настинка, грип и користење на антибиотици. Може да сигнализира и проблем со забите. Ако „шаренилото“ потрае, обратете се кај својот матичен доктор.

(Телеграф.мк)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top