Home / природен лек / Борец против ракот, шеќерот, притисокот, дебелината… а расте како плевел

Борец против ракот, шеќерот, притисокот, дебелината… а расте како плевел

Чичокaта (Helianthus tuberosus) во светот е позната како ерусалим артичока, а кај нас како див компир. Чичоката наместо скроб содржи инулин. Содржи и пробиотик кој го поттикнува развојот на корисните бактерии во цревата.

cicokaИнулинот го нормализира варењето, ја опоравува цревната флора при примена на антибиотици, помага при опстипација и цревни инфекции. Покрај тоа, инулинот го нормализира нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта, со што спречува кардиоваскуларни заболувања и постепено намалување на масните наслаги, кои ги мачат многу луѓе со вишок килограми.

Ерусалимскиот артичок или дивиот компир е еден вид на сончоглед од Америка. Растението поради нејзиниот корен кој се јаде, денес се одгледува низ целиот свет. Расте до три метри височина, цветаат жолти цветови и е неверојатно здрав!

Чичоката е кртолеста повеќегодишна билка со масивен корен, со кртоли. Стеблото е исправено и високо 100 -200 sm, грубо и влакнесто, на врвовите разгрането. Листовите се најчесто срцевидни, издолжено јајцевидни или ланцетни, влакнести и на долги дршки. Цветните кошнички се до 8 sm во дијаметар, многуцветни, по неколку на врвовите на гранчињата. Цветовите по боја се жолти. Чичоката цвета во текот на август и септември, а плодовите се создаваат во ноември.

Чичоката спаѓа во многу хранлив зеленчук со ниска енергетска вредност. Во 100 грама чичока има 70 kcal. Содржи 17% јагленохидрати, 1.5% белковини и 0.2 % масти.Од витамини, чичоката содржи витамини од групата Б, витамин Д и Ц, како и бета каротин (провитамин на витаминот А).Од минерали, чичоката содржи калиум и фосфор.

cicoka_508За чичоката е карактеристично што содржи есенцијални аминокиселини, кои самиот организам неможе да ги произведе, а кои се неопходни за нормално функционирање на скоро сите витални билошки функции на организмот.

До скоро време овој зеленчук бил непознат, а своето место во исхраната го обезбедил поради содржината на инулинот – несварливо растително влакно. Кртолите содржат инулин, поради што се извонредна замена за компирот и се препорачуваат во исхраната на дијабетичарите.

Инулинот е пробиотик, а тоа значи дека го стимулира развојот на „добрите“ бактерии во цревата и тоа на бифидобактериите и ацидофилните бактерии, кои се важни за одржување на здравјето на цревата. Инулинот ги уништува штетните микроорганизми во цревата и на тој начин ги спречува цревните инфекции. Чичоката ја обновува цревната флора и посебно се препорачува после антибиотска терапија, која може да ја наруши нормалната цревна флора.

Инулинот од чичоката е корисен и за дијабетичарите, бидејќи ензимите вожелудникот и цревата не го разградуваат инулинот, до моносахариди, па не доведува до зголемување на нивот на шеќерот во крвта. Свежиот корен од чичока го регулира нивото на шеќерот во крвта.

Чичоката го намалува и нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта. Тој ја подобрува и апсорпцијата на минералите за 20%, а посебно на калиумот, магнезиумот и железото. Затоа, чичоката се препорачува како природен лек за превенција на слабокрвноста и остеопорозата.

artisokaКртолите се користат во свежа состојба и влијаат врз зголемување на аптетитот, ја стимулираат секреторната функција на органите за варење, а посебно ја стимулира секрецијата на жолчката. Во народната медицина се користи кај бубрежните заболувања, заболувањата на жолчната кеса.

Чичоката е најдобро да се јаде сирова, во вид на салати, бидејќи така е најкорисна, но може и да се вари, да се пече и да се пржи.

Надворешно се користи при осипи, лишаи и хемороиди.

Помага кај високиот крвен притисок, покачените масти во крвта, кардиоваскуларните болести, анемија, остеопороза, особено дијабетисот и дебелината, а придонесува и до нивна превенција.

Се конзумира суров- одлично е за чистење на телото од отрови. Познат е и како извонреден афродизијак, бидејќи помага во подобрување на либидото, потенцијата и плодноста. Корисно е и во превенција на и третирање на алергии. Ја намалува концентрацијата на ензими кои предизвикуваат рак, но неговата улога особено важна во превенција и лечење на малигните болести на дебелото црево.

Во исхраната се користи како свежа или во вид на пире, а во медицинската индустрија за издвојување на инулин и други полисахариди. Кртолите во некои земји се користат за производство на шпиритус, а некогаш соцветијата се берат како декоративни цветови. Сортите на чичоката се делат според бојата на обвивката на кртолата и тоа: бели, жолти и црвени. Во Македонија нема селекционирани сорти, туку се одгледуваат главно популации и месни сорти. Од странските сорти, кои може да успеваат и кај нас, се познати „бланк амелиоре”, „хелианти”, „фузо” и „бела”.

3 comments

  1. Abe Skopjani, skopjani! Pojma nemate. Od kade go najdovte imeto”Cicoka”? Abe ova rastenie e star makedonski proizvod, se odgleduvalo od pamtivek i se vikalo i vika: “SALGAN” i na kirilica “ШАЛГАН”!
    Ama za vas skopjani ova ime zvuci seljacki i podobro e se drugo osven izvornoto makedonsko!
    MUPM

    • Hehehe taka e prijatele …im perat mozok toa pametnite stranci … a i oni se cuvstvuvaat nesto iznad ostanatite ,,selani,, na Makedonija … ,,Starosedelci gragani,, vo Novo maalo ili Madar maalo uste neznaat sto e kada ili wc solja …uste se banjat vo korita … hehehe

      • На југот во Македонија се вика КАРАКУШКИ се користат повеќе од 50 години

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top