Нов генетски тест на примерок на плунка се покажал ефикасен во откривање на 83 отсто случаи на рак на бели дробови, пишува списанието „Clinical Cancer Research“.
Американски научници од Универзитетот Мериленд истакнуваат дека тестот е се уште во експериментална фаза и очекуваат дека неговата точност дополнително ќе се поправи.
Според нив, тестот со помош на три микро RNK маркери овозможува откривање рак на бели дробови во рана фаза на развојот.
Планирано е додавање нови микро RNK биомаркери кои ќе ја зголемат точноста на тестот.
Истражувачите очекуваат дека овој неинванзивен метод на откривање рак на бели дробови во иднина ќе наиде на широка примена како замена за поскапи и помалку достапни начини на откривање рак на бели дробови.