Home / сведоштва / Изберете еден од овие пијалаци и уживајте во празниците без подуен стомак и сало!

Изберете еден од овие пијалаци и уживајте во празниците без подуен стомак и сало!

Многумина од нас мака мачат со стомакот без разлика дали станува за подуеност и гасови или сало од кое се обидуваме да се ослободиме. Празничните трпези секако во тој случај не ни одат во прилог. Ви донесуваме три видови напивки кои сигурно ќе ви го олеснат животот.

fat-stomach-1--283x300Ароматизирана вода

Кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, многу е битно вашиот организам да биде хидратизиран. Консумирањето на поголеми количества вода му помага на вашето тело да одржи соодветен баланс на течности, да го стопира задржувањето на водата во организмот (еден од најголемите причини за појава на подуеност, и помага побрзо да го достигнете чувството на ситост). Ако не ви се допаѓа идејата постојано да пиете обична вода, ставете во неа зачински билки (нане или босилек), цитруси (лимон, портокал, грејпфрут, лимета) и други нискокалорични, природни засилувачи на вкусот (можете да користите дури и исечена краставица).

Изладен чај од нане

Одличен за постигнување рамен стомак. Нането му помага на вашиот желудник да ги свари мастите, како и побрзо и поефикасно варење на мрсните продукти како шницли, плескавици и слично. На тој начин се спречува подуеноста.

Зелен чај

Освен што го намалува ризикот од рак и срцеви болести, зелениот чај има корист за целиот организам и содржи катехини, антиоксиданти за кои истражувањата покажуваат дека помагаат во намалувањето на масните наслаги од стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top