Home / аларм / Пушачи, овој тест открива дали ќе добиете рак!

Пушачи, овој тест открива дали ќе добиете рак!

Научниците откриле дека клетките во устата и носот, реагираат на различно инфрацрвено светло, и тоа ги довело до сознанието дека на тој начин ракот на белите дробови би можел да се открие во најраната фаза. Со помош на новиот тест, пушачите би можеле да дознаат многу рано, колкави се изгледите да заболат од рак. Само во Велика Британија, секое петто возрасно лице пуши цигари и сите имаат зголемен ризик од рак на белите дробови.

pusenje-830x553Кај луѓето кои се посебно ранливи на таа болест, откриле научниците, клетките во нивните уста и нос реагираат на различно инфрацрвено светло.

“Изложувањето на чад од цигари предизвикува различни видови на повреди во станиците кај оние кај кои ќе се развие рак на белите дробови”, истакнува професорот Сем Џејмс од Универзитетот Лондон.

“Доколку можеме да го употребиме овој систем за откривање доволно рано, можеби ќе можеме да го откриеме ракот во најраната фаза или да ги информираме поединците на зголемениот ризик од таа болест”, додал Џејмс.

Прецизноста на тестот на британските научници е високи 80 проценти, пренесува Mirror. Целта е да се овозможи еден ден пациентите да го направат тој тест со едноставна посета на лекар.

Истражувањето било претставено во Лондон на зимскиот собир на Британското здружение “Thoracic”.

Следен чекор е да се земат примероци од поголема група, и да се набљудува кај колку од нив ќе се развие рак на белите дробови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top