БАНАНА
Потребно е секојдневно да се консумира најмалку една банана, бидејќи ова овошје содржи се што му е потребно на организмот, меѓудругото и сите 8 аминокиселини ( кои организмот не ги произведува сам туку потребно е да се внесуваат со хараната), витамин Ц, калиум, скроб, витамини од групата Б, витамин Е, магнезиум, железо, калциум, бакар.
Бананите се препорачуваат на сите, бидејќи се одлична витаминска бомба, без многу калории а поради големиот извор на растителни влакна, држат ситост. Посебно се препорачуваат на деца и лица со зголемен умствен напор. Единствена забрана важи за дијабетичарите.
Против црвенило и оток – поради присуство на калиум и витамин А во бананата, истата е одлична за смирување на оток и црвенило.
Се пасира четвртина банана и добро се меша со пола кафена лажичка зејтин и неколку капки лимон. Се остава на местото да делува 15-тина минути и се плакне со вода.
Сокот од банани ( пасирана четвртина банана и разредена со 1 дл вода ) одличен е секојдневно за зајакнување на организмот и се препорачува при авитаминоза. Истиот овој сок се пие и за смирување на кашлица.
КИВИ
Доволно е да се знае дека само едно киви дневно, ги задоволува сите дневни потреби на организмот со витамин Ц ( се друго внесено е само плус) го зајакнува имунитетот и е одлична одбрана на организмот од настинки и грипови.
Се препорачува на лица со повишен крвен притисок, бидејчи кивите се богати со калиум кој има пресудна улога во регулирањето на крвниот притисок, го намалува холестеролот во крвта и го чисти организмот од отрови.
Големиот процент на лутеин во кивите, даваат одлична заштита на очите.
МАЛИНА
Малината е вкусна овошка која се одгледува во сите региони со умерена клима. Плодовите се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали во телото, спречувајќи го на тој начин оштетувањето на клетките. Малините спаѓаат и меѓу природните Аллахови дарови кои се најбогати со растителни влакна (влакната сочинуваат 20 проценти од тежината на плодот). содржат и витамин Ц, манган, како и витамини од групата Б, фолна киселина, магнезиум, бакар и железо.
Треба да се истакне и дека малината е една од малиот број овошки чија консумација нема големо влијание врз количевството на чеќери во крвта. Токму поради сите овие својства многу нутриционисти препорачуваат малината (во свеж или преработен облик) да стане дел од секојдневната исхрана.
МАНДАРИНА
Сокот од мандарини го зајакнува имунитетот поради изобилството на витамин Ц и А, го подобрува варењето на храната, го забрзува „мрзливиот„ метаболизам, се препорачува како природен лек во лечењето на воспалението на бронхиите и горните дишни патишта и значително ја олеснува кашлицата.
ПОРТОКАЛ
Сокот од портокал исто така го зајакнува имунитетот на организмот и делува превентивно поради висок процент на витамин Ц и антиоксиданти. Дејствува стимулативно на желудникот и го подобрува апетитот.
Доколку имате проблем со отечени капаци или подочњаци, на капаците ставете кришки од портокал и оставете ги да стојат 10 минути. После тоа веднаш оплакнете ги очите со млака вода. Високото благотворно дејство се приметува веднаш.
ЛИМОН
Покрај витамините, ова овошје има голема количина на минерали и олигоелементи во својот состав и токму поради тоа, сокот од лимон се препорачува како супер средство против нервоза и несоница.
Поради седативното и диуретско дејствување, лимонот е многу корисен и како додатно средство во лечењето на висок крвен притисок а воедно ги зајакнува и крвните садови.
Сокот од лимон исто така е многу добар во состојба на паднат имунитет и состојби на стрес, бидејќи истиот го заменува норадреналинот кој во такви ситуации е на многу ниско ниво.
ГРЕЈПФРУТ
Освен витамините, минералите и други важни состојки, истиот многу е богат со органски киселини.
Сок од гејпфрут се препорачува за зголемување на апетитот, регулирање на варењето на храната и многу, многу е корисен во случај на пореметување на работата на црниот дроб како последица на разни заболувања.
Сокот е исклучително важно да го консумираат сите кои патат од зголемена напнатости умор, како и после прележани болести во период на опоравување.
АНАНАС
Главна состојка на ананасот е Бромелин. Ананасот го поттикнува и забрзува варењето на храната.
Консумирањето на сок од ананас покажало добри резултати во лекување на артритични зглобови, со што се постигнало подобра подвижност на оболениот зглоб.
Бромелинот го поттикнува и брзото зарастување на раните и затоа зголемено консумирање на сокот од ананас поради ове две причини се применува покрај другите методи, во лечење на спортистите при повреди, болки во мускулите, истегнување и шинување.