Го намалува холестеролот
Непржените кикирики, односно оние со лушпа, немаат индустриски додадени масти па се работи за здрава храна со бројни хранливи својства. Кикириката е полна со здрави маснотии кои го намалуваат штетниот холестерол, го штитат срцето и циркулаторниот систем.
Го балансираат нивото на шеќер во крвта
Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од кикирики во организмот може да го балансира нивото на шеќер во крвта и да го спречи развојот на дијабетесот тип 2.
Го убива гладот
Кикириките се едни од најздравите грицки. Има богат вкус кој многу заситува, а со тоа помага и во слабеењето. Ако почувствувате глад помеѓу броците, заборавете на чипс и чоколадо, земете од овие слатки грицки.
Го подобрува помнењето
Овие грицки се одлична храна за мозокот, бидејќи содржат витамин Б3 кој ја стимулира активноста на целото тело и ум.
Богатство на хранливи материи
Созревањето на плодот во заштитната лушпа овозможува кикириката да содржи се повеќе хранливи состојки, вклучувајќи ги и важните минерали како цинк и железо, што придонесува за здравјето на целиот организам.