Златниот корен (Rhodiola Rosea) има долга историја во промоцијата на доброто здравје и долговечноста. Во Сибир луѓето знаат да кажат: “Оној што пие родиола, ќе живее повеќе од 100 години”. Грчкиот доктор Диоскоридес, кој ги напишал основите за билката, првпат ја употребил како лек за главоболка, а потоа ја применувал и против замор, инфекции и импотенција. Викинзите ја користеле за зголемување на физичкиот капацитет и на издржливоста, а кинеските императори праќале експедиции во Сибир да донесат златен корен за да подготват лек ефикасен против грип, туберкулоза и рак.
Го намалува стресот
Секојдневјето на модерниот живот неминовно води кон хроничен стрес или замор. Тие две состојби се тесно поврзани со депресијата и други медицински состојби за кои во основата во 80 отсто е одговорен стресот. Според American academy od family и Russian department of family care, речиси 2/3 од сите посети во амбуланта докторите ги препишуваат на стрес- индуцирани болести.
Екстрактот од златен корен с` уште е слабо ~ познат на општата популација со своите исцелителни својства.
– Времето на златниот корен како злато на природата допрва доаѓа да н` потсети дека превенцијата е онаа што треба да биде избор од прв степен. Верувам дека во иднина ќе најде свое место во третман на многубројни заболувања- вели д-р Нововиќ и ги посочува сите состојби и болести за кои златниот корен е особено корисен.
*Когнитивни нарушувања;
* Паркинсонова болест;
* Нарушувања на меморијата и на вниманието.
– Особено е корисен за нервниот систем. Ги зголемува вниманието и меморијата и ја подобрува менталната стабилност и примарно квалитативно ги зголемува индикаторите за извршување на секојдневните обврски со тоа што ги зголемува капацитетот на силата и мобилноста на самиот организам – објаснува д-р Нововиќ.
*Заштита од аритмии;
*Висок холестерол и дијабетес;
*Кај трауматски мозочни повреди;
*Стерилитет;
*Менопауза,
*Сексуална дисфункција;
*Фибромијалгија,
*Синдром на хроничен замор;
*Посттрауматски стрес;
– При и по хемотерапија;
– Ендокринолошки нарушувања (предменструални нарушувања);
*Против мигренозна главоболка;
*Подобрување на имунитетот;
*Против стареење;
*Оштетувања на црниот дроб;
*Подобрување на слухот;
*Подобрување на физичките перформанси.
– Според информациите од московскиот Институт за спорт и физичка култура и рускиот водечки центар за истражување атлетски перформанси, докажано е дека екстрактот од златен корен овозможува моќен и сигурен поттик на физичката активност преку оксигенација (снабдување со кислород) на мозокот и мускулите и дава извонредно зголемување на енергетските нивоа во организмот
– Кај постари од 18 години се препорачува една желатинска капсула на ден, наутро пред оброк. Максималната дневна доза е 3 капсули во текот на денот – по една наутро, напладне и навечер. Не се препорачува пред спиење бидејќи може да влијае на квалитетот на сонот. Кај пациенти што го користеле препаратот има докажан антидепресивен ефект, намалено чувството на замор и страв, подобар имунитет и ментални функции- вели д-р Нововиќ и додава: најдобар ефект се постигнува при користење во период од 12 недели во доза од 400-600 мг на ден.
Природен дар против вишокот килограми
30-годишното истражување на советските истражувачи довело до фасцинантни докази дека пиењето златен корен го стимулира ослободувањето на масните клетки од адипозното масно ткиво.
– Комбинацијата од вежбање и консумирање екстракт од златен корен претставува исклучително ефективен метод во контролирањето на килограмите. Редуцирањето на акумулираното адипозно ткиво знае да биде макотрпен процес кој долго трае. Складираните масти се мобилизираат преку дејството на ензимот познат како хормон сензитивна липаза. Научниците биле во потрага многу години да пронајдат решение кое би го активирало процесот на ослободување на адипозно масно ткиво – вели д-р Нововиќ.
Што содржи?
Rhodiola Rosea (златен корен) расте во студените предели на висока надморска висина (Арктик, Алпи, Скандинавија). Припаѓа на фамилијата Crassylacea. Во медицински цели се користи коренот кој е богат со флавоноиди (родиолин, родионин, родиозин), монотерпени (розиридол, розаридин), фенилпропаноиди (розавин, розин, розарин), тритерпени, фенолни киселини и фенилетанолни деривати. Кога ќе се пресече коренот, има мирис на роза, па затоа го носи името росеа.
Dnevnik
zlaten koren
kade moze da se kupi
kade moze da se nabavi roseja zlaten koren