Home / Болести и лечење / Мистериозни модрици, бели точки на нокти, крчат црева – на што укажува

Мистериозни модрици, бели точки на нокти, крчат црева – на што укажува

Често може да се вознемирите ако размислувате за вообичаени нешта што се случуваат во нашиот организам. Најчестите прашања, всушност, најлесно се објаснуваат.

creva-teloЖЕЛУДНИКОТ ГЛАСНО “РАБОТИ”, А НЕ ЧУВСТВУВАМ ГЛАД?
Овој звук е предизвикан од реакцијата на нервните завршетоци, која се јавува со мал интензитет и предизвикуваат контракција на органите. Реакција може да предизвика и скриената мисла или поглед на храна. Мозокот е прва алатка во процесот на варење на храната, па и фантазирањето за чоколадо или размислувањето што ќе изедете за вечера може да доведе до таков рефлекс, дури и ако во моментот не сте гладни. За да ги намалите звуците на стомакот, испијте чај од нане или од ѓумбир.

ОЧИТЕ ПОНЕКОГАШ НЕКОНТРОЛИРАНО ТРЕПКААТ
Стручниот назив за овој проблем е миокимија на мускулите на очните капаци и иако звучи сериозно – не е. Трепкањето на очниот капак, особено на долниот е вообичаена појава. Најчесто се јавува поради големо количество кофеин и премалку сон, чија последица се иритирани нерви на лицето. Контракциите најчесто престануваат по неколку минути. Во секој случај резервирајте повеќе време за одмор.

ЗАРАЗНО ПРОЅЕВАЊЕ
Психолошките истражувања откриле дека луѓето што се свесни и сочувствуваат со другите се склони кон “зараза” со проѕевање. Со текот на годините учиме да се проѕеваме кога и другите се проѕеваат. Всадената навика е толку силна што реакција може да предизвика и самата помисла на проѕевање.

slepo-crevo1БОЛКА ВО ГРАДИТЕ КАКО МАЛ СРЦЕВ УДАР
Пред с`, не се сите болки во градите срцев удар. Луѓето често кажуваат дека при инфарктот се јавува болка како слон да ви седнал на градите. Не можете да вдишите длабоко и нагло ви се замрачува пред очи. Болката трае неколку минути и се шири на левата страна. Ако некогаш имате ваков симптом, веднаш повикајте Итна помош. Но, ако болката е краткотрајна, најверојатно причината е истегнат мускул. Мускулите под ребрата може да се истегнат при вежбање или за време на обични дневни активности и тоа да предизвика остра болка.

МИСТЕРИОЗНИ МОДРИНКИ
Модринките се појавуваат кога мало количество крв тече од капиларите, најчесто под влијание на повреда. На некои луѓе им излегуваат модринки од многу силен удар, а на други доволен им е и мал притисок, на кој не се ни сеќаваат. Освен тоа, некои имаат и висока толеранција на болка, па модринката може да биде предизвикана од удар што не го ни регистрирале. Сето тоа е нормално, но ако забележите повеќе модринки на место каде е тешко случајно да се повредите, како на стомакот или грбот, посетете лекар, бидејќи овие модринки може да се знак на некое крвно нарушување или на автоимуна болест.

ВРТЕЊЕ ВО ГЛАВА ПРИ НАГЛО СТАНУВАЊЕ
Речиси 75 отсто од луѓето имаат вртоглавица ако нагло станат од лежечка или седечка положба. Ако лежите, срцето не мора да ви работи против гравитацијата за да испумпува крв во мозокот. Кога изненадно ќе станете, срцето почнува побрзо да работи за да го дополни моментниот недостиг од крв во мозокот. Сепак, тоа не значи дека ќе се онесвестите. Ако имате низок притисок или висок, срцето уште повеќе треба да работи. Лекот е едноставен. Станувајте полека. Кај младите овој проблем е причинет од дехидрација, па треба да пијат повеќе вода.

БЕЛИ ДАМКИ НА НОКТИТЕ
Најчесто тоа се последица на лесни повреди на ноктите, како удар или незгода при која прстот ви останува приклештен. Причина може и да се удари на кои не се сеќавате. Но, ако дамките се видливи долго, понекогаш треба да поминат и три месеци за да исчезнат, односно с` додека нокотот не порасне. Според некои теории, белите дамки укажуваат на недостиг од витамини и минерали, а може да бидат предизвикани и од агресивен маникир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top