Home / природен лек / Како да си направите – Домашен прополис (тинктура)

Како да си направите – Домашен прополис (тинктура)

Лесно за правење, неограничен рок на трање, се наоѓа за по дома, совршен лек.

Во стаклено шише со капаче сипете ја ракијата и додадете го прополисот. Оставете да стои се додека не се растопи прополисот.

propolisПрополис може да најдете на тезгите за мед по пазарите или да ви даде некој пчелар.

Ние имаме наши пчели, па лесно ни е достапен. Ракијата е по ваша желба. Може да биде послаба, но нека не биде послаба од 50%.

Во алкохол најдобро се раствараат сите компоненти на прополисот.

За прополисот

Прополис е смеса на смоласти супстанци која пчелите ја собираат од цветовите на различни билки.
Тоа е смоласта материја добиена со делување на секретните жлезди богати со ферменти.Прополисот е со специфичен изглед горчлив вкус, со карактеристичен и ароматичен мирис.

Со интензивно проучување утврдено е дека тој е природен, бактерицид, анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против голем број вируси вклучувајкиго и вирусот на грипот и дека е одличен во борба против габи и паразити. Пчелите го собираат билниот материјал за производство на прополис кога се појавува оштетување на (пукнатитини ,отвори) на кошницата,но и појава на натрапници ги поттикнува на произведување на прополис.

pcela-medПчелите во кошниците секој простор поголем од 7 мм го исполнуваат (градат со восок ) а секој простор потесен од 8 мм го лепат со прополис. Тоа е поради неможноста на пчелата да навлезе во овие пукнатини и да ги отстрани нечистотиите и отпадот од восок и доколку не ги потполнат со прополис може да се јави восочниот молец и други паразити.

Бојата на прополисот варира од зелена до браункасто – црвена.
И покрај тоа што на обична температура прополисот е мек, а на висока температура леплив , прополисот станува цврст и кршлив кога е ладен.Доколку се замрзне може со мелење да се претвори во прав.

Биолошките својства на прополисот се разнолики. Науката потврди дека прополисот ги убива микроорганизмите , вирусите, габите намалувајки ја нивната животна способност. Делува локално анестетски, го сопира јадежот и делува смирувачки, доволно е да ги намажеме градите пред спиење со прополисна алкохолатура за да се смири кашлицата и да се обезбеди длабок мирен сон.

Прополисните масти се одлични за раните кои тешко зараснуваат, како и за многу кожни заболувања – опагање на косата во вид на печат, запаление на кожата настаната од надворешни дразби, габични заболувања на кожата и косата, пиодермија, екцем, себореја, епидемофитија (габични заболувања на кожата и ноктиите)…

Прополисот има својство да го кочи ненормалното размножување на ќелите (цитостатичко делување) и лечи тумори. Познати се регенеративните, епителизирачките и дерматолошките својства на овој балсам. Тој брзо ги обновува повредените ткива и го забрзува нивното зараснување. Неговото делување против микроорганизмите, крварење, опекотини и запаленија исклучително е ефикасно кај сите видиви рани,чиреви,опекотини и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top