Home / Болести и лечење / Како да се заштитиме од Ебола?

Како да се заштитиме од Ебола?

БиБиСи сподели неколку совети од лекарите за заштита од заразата.

Не допирајте!

ebolaЕболата се пренесува преку директен контакт со заразени телесни течности. Крвта, повраќањето и плунката можат да го пренесуваат и шират смртоносниот вирус. Роднините на пациентите и здравствените работници се најзагрозени од инфекцијата. Затоа, при сомнение за зараза, физичкиот контакт треба да се ограничи целосно, а луѓето да се заштитат со добро покривање на нивното тело со облека. Вирусот не може да помине низ заштитни ракавици, маска, очила,  гумени чизми, какви што  користат здравствените работници во Африка. Тие сепак ја менуваат облеката на секои 40 минути за секој случај. Облекувањето на опремата трае 5 минути, а соблекувањето околу 15.  Промената на облеката е многу ризичен момент, затоа задолжително е телото се дезинфицира со хлор.

Покријте ги очите!

Ако инфицирани капки се впуштат врз кожата, тие можат да се измијат веднаш со сапун и вода или алкохолен дезинфициенс. Со очите сепак е различно. Капките течност при кивање можат да влезат директно во нив и да го донесат вирусот во организмот. Опасни зони се и слузницата на устата и внатрешниот дел на носот.

Чистете!

Еден од најпознатите шокантни симптоми на Еболата е крварењето. Пациентите можат да прокрварат од очите, ушите, носот, устата и ректумот. Крв може да има и во столицата и провраќањето. Чистењето носи еден од највисоките ризици за инфекција. Валканите алишта мора да бидат веднаш изгорени. Медицинската опрема треба да се дезинфицира постојано. Ризици  носат и минијатурните капки кои што можат да паднат на површината на мебелот. Медицинската сестра, која неодамна се зарази додека се грижеше за двајца пациенти во Шпанија, влегла двапати во собата на еден од нив – за да се грижи за него и за да ја дезинфоцира  собата по неговата смрт. И двата пати таа носела заштитен костум. Сепак заразата успеала да навлезе. Структурата на вирусот се оштетува од сапун и вода иод алкохол, кои треба да се користат за време на чистењето.

Користете кондоми!

Општо земено, ако пациентот се опорави од Ебола и тестовите покажат дека организмот е чист, веќе нема ризик тој да зарази некого. Вирусот сепак може да остане жив во семената течност на мажите до три месеци по оздравувањето. Затоа лекарите препорачуваат заболените да се воздржат од секс или да користат кондоми во текот на три месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top