Home / сведоштва / Го објавил рецептот за лекот против рак

Го објавил рецептот за лекот против рак

Рик Симпсон е познат борец за легализација на марихуаната за медицински потреби. Исто така, тврди дека со масло од канабис излечил повеќе од 5.000 луѓе, меѓу кои и тој самиот. Го победил ракот на кожа иако лекарите го отпишале.

rik simpsonВо интервју за српски Телеграф раскажа за сето тоа, но и за борбата со полицијата и судството за рецептот за неговиот лек. Во Белград учествуваше на трибина за легализација на марихуаната во медицински цели.

– Секогаш им велам на луѓето – канабисот ќе ве излечи, или ќе сватите дека тоа е најдобриот лек кој моментално постои, смета Рик кој пред 12 години на своите рани кои биле резултат на ракот на кожа капнал неколку капки масло.

– По четири дена ги тргнав завоите и неможев да поверувам што гледам, раните ги немаше, а кожата ми беше розева како кај бебе, раскажува Рик.

Неговата терапија им помогнала на многумина, а бидејќи потребата од суровини се зголемувала тој почнал да одгледува марихуана, поради што во три години полицијата четири пати му влегувала на имотот. Во Канада бил на суд за одгледување, поседување и продажба на марихуана, но казнет е парично со 2 илјади долари. Дури и судијата му рекол дека треба да го наградат а не да го осудуваат.

Рик тврди дека во животот не продал ни грам марихуана, а рецептот за лековитото масло од канабис го објавил на веб страната phoenixtears.ca. Тој им порачува на владите да им дозволат на граѓаните да одгледуваат и користат канабис во медицински цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top