Home / аларм / Парацетамолот е опасен за време на бременоста

Парацетамолот е опасен за време на бременоста

Жените кои земаат парацетамол за време на бременоста, може да го зголемат ризикот нивното дете да развие Синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност.

bremenost2-300x260Иако Парацетамолот е најчесто користен лек за ублажување на болката, истражувачи од Нов Зеланд ги предупредиле идните мајки за опасноста од пиењето на апчињата за време на бременоста.

Најновите истражувања на научниците се “алармантни”. Според резултатите пејнкилер медикаментот води до различни нарушувања кај децата. Во истражувањето учествуваат 871 европски бебиња. По употребата на парацетамол за време на 9-те месеци децата можат да развијат проблеми со однесувањето помеѓу 7 и 11-годишна возраст.

“Доказите дека дури и мали дози парацетамол во текот на бременоста можат да влијаат на однесувањето на малите после десетина години се загрижувачки. Затоа им препорачуваме на мајките да го избегнуваат”, објасни водечкиот автор на студијата д-р Џон Томпсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top