Home / природен лек / Ким – од зачин до лек

Ким – од зачин до лек

Кимот има безброј лековити својства, одличен е против надуеноста на стомакот, помага при варењето, има седативно дејство, ги намалува грчевите во стомакот.

kim-11410980745_thumb_medium490_0Се верувало дека има својство на афродизијак, па древниот арапски афродизијак бил подготвуван од мед, црна пипер и ким, а за природниот лек против заборавање се сметала комбинацијата од мед и ким.

Старите Грци, толку многу го користеле, така да постојано го имале на масата, исто како и ние што денес на масата ја ставаме солта и црн пипер.

Во текот на средниот век се верувало дека кимот лекувал од стравот од животните. Во некои земји се сметало дека им носи среќа на новите брачни парови, па го користеле да со него ги наросат младенците, онака како што се користи и оризот. Ние во главно го користиме за печива, поретко како зачин за салати, а уште поретко пиеме чај од семките на кимот. Во некои земји го земаат после јадење како би го спречиле лошиот здив. Се верува дека и помага на функцијата на жолчката.

Семките на кимот имаат долга историја на употреба во кујната и како природен лек најмногу кај пореметувањето при варењето на храната, делува смирувачки на дигестивниот тракт, подобрува апетит и има лаксативно делување. Некогаш се користел како би се подобрила лакцатијата кај доилките, им се препорачувало да џвакаат семе на ким или да пијат чај од ова ароматична семка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top