Home / аларм / Само една мисла може да покрене лавина

Само една мисла може да покрене лавина

Деновите ви поминуваат додека си ја мачите главата со прашања од типот: Што ми е? Зошто никогаш не сум задоволна? Дали донесов добра одлука во животот? Е, токму од тој миг депресијата, незадоволството и лошата општа состојба уште побрзо ќе ве прегазат. А приказната продолжува со ….дебела сум, лошо изгледам, никој не ме разбира… Колку ваквото размислување е штетно, на што се може да влијае и како можеме да се бориме против негативните мисли?

Емотивно здравје

zamislena zena misla griziСите што вака размислуваат барем делумно сметаат дека можат да дебатираат за с` и сешто – животот, постоењето, бракот, кариерата, здравјето и уште сметаат дека токму тоа е и дел од нивната животна улога. Сепак, не е с` така едноставно. Феноменот на претераното размислување е еден вид стапица во која ве преземаат негативните мисли и емоции, но морбидното медитирање, кое станува дел од секојдневието нема да ве доведе до решение на проблемот.

Таквите состојби постојано ве оптоваруваат, се завлекуваат во вашата потсвест и црните мисли несвесно ви се враќаат – додека возите автомобил, додека го готвите ручекот или се допишувате на интернет.

Домаќинка сте и ваквите размислувања можеби се дел од описот на вашето работно место, но како да се избегне емотивната вклученост? Никако. Таквите размислувања може да стасаат до екстреми кои се судираат со нашите активности и со донесувањето на вистинските одлуки. Можеме, на пример, да ги изгубиме добрите пријатели, но и да си го загрозиме своето емотивно здравје. Жените, исто како и мажите, лесно паѓаат во депресивни состојби, а “претераното мозгање” е дел од тој маѓепсан круг.

Се разбира, дека не мора да биде така засекогаш. Можеме да се издигнеме над својата чувствителност и да научиме да ги препознаваме чувствата што може да н` залажат и потоа да н` одведат до лоши состојби. И на крајот, можеме да научиме како да ги препознаеме тие чувства, односно како да ги искажуваме. Така ќе ја одржиме смиреноста, иако сме среде некој судир, растресеност, хаос или трагедија. Ако научиме, може да управуваме со својот емотивен живот.

depresija2Кога деновите ги минувате со глава преполна со црни мисли, негативните мисли ги преживувате неколкупати, ги испитувате, превртувате… Така сеќавајќи се на кавгата со пријателот, ги прегледувате сцените во мислите и велите: Како можеше да ми го каже тоа? Како требаше да реагирам?

Сталожена личност на ваквите прашања дава брзи и јасни одговори – беше лошо расположен, го рече тоа туку-така, не мислеше така – и животот продолжува понатаму, без многу да се врти и да гледа назад.

Но кај личноста што размислува за тоа важи правилото дека секое прашање води кон ново прашање. Негативните мисли се хранат со вакви прашања, а колку повеќе емоции внесуваме во своите размислувања, толку подлабоко паѓаме.

Ефект на лавина

Таквите луѓе се секогаш загрижени и нема крај на нивните грижи. Главно се оптоварени со минатото, со работите што требало да ги завршат, а не ги завршиле со ситуациите што сакале да се случат и слично. Постојано се грижат дека нешто лошо ќе им се случи, а во некои случаи и се сигурни дека лошото веќе им се случило. По некое време се уверени дека работата и бракот им се лоши и оти пријателите не ги сакаат и не ги почитуваат.

Причините за ваквите состојби се сложени. Една од теориите е дека човечкиот мозок е составен од меѓусебно поврзани мрежи на меморија и чувства и дека само една негативна мисла може да предизвика лавина. Друго истражување оти дека ваквите состојби се производ на стресниот начин на живеење и на натпреварувачкото општество. Има многу излези, но како да го одбереме најдобриот за нас?

depresija apcinjaИнтересно е дека овој синдром е својствен за младите и за луѓето во средни години. Во студијата во која биле вклучени 1.300 возрасни, дури 73 отсто од оние на возраст од 25 до 35 години и 52 отсто од луѓето од 45 до 55 години влегле во категоријата на луѓе што претерано размислуваат.

Постарите од 65 години имале проблем да ги разберат поимите што им биле спомнати. Наспроти нивните искуства и с` што поминале во животот – болести, работа, заминување на децата во војна, губење на најблиските – повеќето биле збунети кога ги прашале дали некогаш во животот подолго време размислувале дали се несреќни и незадоволни од својот животен избор.

“Не така често, бил нивниот најчест одговор, дали тоа би било корисно?”. Наместо да паѓаат во стапиците на претераното размислување, повозрасните се служеле со своите добри страни и се надевале дека за нив ќе дојдат подобри времиња и така продолжувале понатаму.

Женска епидемија

Има многу причини жените да бидат среќни и да се чувствуваат сигурни. Сепак, многу жени се вовлечени во вителот на загриженоста, размислувањата и неконтролираните негативни чувства, кои им ја вшмукуваат нивната енергија и ги продлабочуваат негативните емоции како тагата, лутината или бесот. Претераното размислување е болест што многу повеќе ги погодува жените отколку мажите. Дури и на безначајните проблеми некои жени се склони со денови да им придаваат огромно значење и претерано да размислуваат за нив и со тоа да си натрупаат стрес. На пример, шефот ви упатил саркастична забелешка и вие со денови размислувате за нејзиното значење. Сте имале кавга со партнерот, по која до бесвест анализирате што, како и зошто ви рекол. Ако сте лути, вашата лутина ќе стане само уште поголема.

depresija5Во фокусот на вашите размислувања можат да бидат здравствените проблеми, траума или губитокот на драга личност, потоа размислувањата за работата и кариерата, децата. Во главата ни се вртат прашања: Што мислат другите за мене? Зошто не сум среќна и задоволна? Што да направам со својот живот? Одговорите не ги наоѓаме лесно и брзо, па затоа истражуваме, размислуваме и се грижиме уште повеќе.

Епидемијата на претераното размислување е болест што повеќе ги погодува жените отколку мажите, вели д-р Сузан Нолен Хоексем, која во својата книга “Жени што претерано размислуваат” нуди стратегии за победа над напливот мисли на кои понекогаш им се препуштаме. Претерано мислење е кога одново ги вртиме и премотуваме негативните мисли и чувства, истражувајќи ги и испитувајќи ги.

Со повеќе истражувања докторката Нолен Хоексем дошла до заклучок дека претераното размислување ни го отежнува животот (тешкотиите со кои се сретнуваме ни изгледаат поголеми), ни ги нарушува односите (им стануваме здодевни на другите со своите постојани анализи), а може да биде и причина за сериозни ментални нарушувања.

poplavi depresijaКон размислувањето, кое само ги продлабочува негативните чувства, се многу посклони жените. Според едно истражување, во миговите на тага, депресија или тегоба, тие се посклони кон претерано анализирање и премотување на мислите и кон измислувања сценарија отколку мажите. Но една од најголемите и најпостојани разлики во идентитетот помеѓу мажите и жените е нивниот однос кон другите луѓе.

За разлика од мажот, жената својот идентитет најчесто го поистоветува со односот во кој се наоѓа – јас сум ќерка, сопруга, мајка. Широката мрежа на нејзините општествени односи се темели на длабокото емоционално запознавање и приспособување на нивните чувства. Исто така врз жените повеќе влијаат некои трауматски искуства од животот на другите, блиски луѓе. Ако пријател или член на семејството се разболи, несреќен е или под стрес, поради тоа жената ќе биде потажна и позагрижена од мажот.

Денес луѓето имаат исклучително развиено чувство дека имаат право на нешто – на многу пари, работа од соништата, среќна врска и очекуваат да се чувствуваат добро во поголем дел од животот. Кога тие очекувања се изневерени, се препуштаме на претерано размислување зошто не можеме да го добиеме тоа што го заслужуваме.

За да се оттргнеме од напливот мисли, најдобар начин е да ги користиме позитивните емоции, кои може да ни помогнат подобро да се носиме со животот. А има многу начини како да се внесат убавите емоции во одредени мигови. Тоа може да биде одење на масажа или на фризер, пенлива бања или гледање забавен филм. Од мислите за негативните настани може да ве одврати и играта со малите деца, како и прошетката низ убав крај.

Докторката Нолан Хоексем нуди и други стратегии со чија помош ќе се одбраните од емотивно исцрпувачките мисли.

depresija3Ако страдате, треба да ги прифатите негативните емоции без да им дозволите да управуваат со вас (сфаќате дека сте депресивни поради тоа што сте останале без работа, но сепак со воодушевување барате ново вработување). Едноставноста барем во почетокот исто така помага да се сконцентрирате на едноставните причини за стресот (нерасположени сте, можеби причината е во ПМС). Не се споредувајте со другите и обидете се да не судите за себе врз основа на она што другите го имаат или прават. Отфрлете ги нездравите цели, кои ве тераат на деструктивно однесување (побрзо решете да изгубите 10 килограми со помош на лекарски одобрена диета отколку 25 килограми со изгладнување).

Наметнувањето на улогата на жената како “емотивна негувателка” на сите луѓе што ќе ~ влезат во животот исто така може да доведе до грижи и очај. Затоа многу е важно да се воспостави рамнотежа помеѓу грижата за другите и грижата за себе.

Три начини да го скршите маѓепсаниот круг

Со овие техники ќе ги отстраните негативните мисли, ќе ги замените со позитивно размислување и конечно ќе го најдете својот мир.

1. Вежбајте и вратете се во форма
Ако се најдете во долго размислување форсирајќи се себе во неколку екстра минути или часови на ден, вежбањето е најдобар избор, добра и здрава разонода. Вежбањето помага исто како и хобито. Ако се преокупирате со хобито или со активностите што ги сакате, ќе ги разбиете врските помеѓу вашите лоши мисли.

2. Побарајте пријател за пријатен разговор
Тој пријател може да биде секој. Важно е таа личност да ве разбира, да е трпелива и да имате доверба во неа. Свртувањето кон пријателите често помага да се решат проблемите. Во една студија 57 отсто од жените рекле дека многу често лошото расположение и негативните мисли ги надминуваат со пријатен, пријателски разговор.

3. Организирајте се
Организирајте го и времето за размислување, така што постојано ќе го преместувате во својот дневен распоред. Ангажираноста и концентрираноста на хобито и на нештата што ве радуваат, часовите за размислување предвидени за денес во својот планер префрлете ги за наредниот ден. Со отстранување на грижите, ќе размислувате за поубави нешта. Многумина, испробувајќи ја оваа стратегија, сфатиле дека грижите што до пред неколку дена ги мачеле веќе немаат големо значење.

Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top