Home / аларм / Дали би знаеле да му пружите прва помош на вашето дете? (видео)

Дали би знаеле да му пружите прва помош на вашето дете? (видео)

Дали би знаеле да му пружите прва помош на вашето дете? Ова провокативно прашање е поставено во шокантниот британски телевизиски спот со кој се поттикнуваат родителите да посетат курс ако одговорот е негативен.

dete prva pomosВо видеото е прикажан беспомошен татко кој не знае да му пружи помош на неговиот син кој паѓа од дрво. Таткото го врти погледот на кратко за да телефонира, но набрзо со ужас гледа како син му паѓа од дрвото. Детето кое е во несвест почнува да крвари, а таткото не знае што да прави.

Спотот е дел од новата кампања на британската организација „St John Ambulance“, а негова цел е да ги поттикне луѓето да ги научат основите на давање прва помош.

Претходна анкета на „St John Ambulance“ покажала дека 55 проценти од британските родители немаат доволно знаење да им помогнат на нивните повредени деца, а дури 57 проценти се премногу исплашени да направат нешто во тој момент пред да пристигне брзата помош.

Погледнете го видеото и размислете колку знаете за пружањето прва помош


365commk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top