Home / нови лекови / Нови лекови против рак – отрови од змии и шкорпии

Нови лекови против рак – отрови од змии и шкорпии

Научниците како средство за уништување на ракот, ја истражуваат можноста за користење на отровот од некој видови на змии, пчели и шкорпии.Кубанска национална лабораторија во последните години има патентирано четири многу важни вакцини, но за тоа светските медиуми молчат. А зошто, ќе покаже времето! Легендарниот артист Бата Живојиновиќ, токму кубанските стручњаци го имаат излекувано на ваков начин од гангрена

snake_wine_640_03Последната топ вест, која го обиколи светот е дека американските научници , како средство за уништување на ракот, мошне успешно ја истражуваат можноста на употреба на отровот на пчелите, некој видови на змии и шкорпии. Светските медиуми веста ја окарактеризираа како „ нова голема надеж„

На Балканот, популарниоот лек е направен од плава шкорпија, по потекло од Куба, па составот на многубројните хемотерапии веќе со години се моделира врз основа на отровите кои се наоѓаат во природата. Полски научник, од Варшавскиот универзитет, Адам Сиаш, објави слична вест, која предизвика светско внимание, дека неговите колеги од универзитетот Илиноис, кои се бават со апликацијата на отровот од шкорпиите и змиите со помош на наночестички кои се помали од вирусите би можеле да послужат како транспортно средство на отровот до заболените клетки.

Испитувањата се во тек и се спроведуваат врз глувци.

Многу сериозни истражувања и успешни лекувања се во тек и на Куба, каде се наоѓа познатата светска болница за оние кои на себе можат да си дозволат најсовремено лекување.

Кубанската национална лабораторија произведе многу вакцини, меѓу кои и против рак на белите дробови, која според досегашната пракса успешно го лекува ракот на белите дробови во почетна и во средна фаза.

Кубанска национална лабораторија во последните години има патентирано четири многу важни вакцини, но за тоа светските медиуми молчат. А зошто, ќе покаже времето!

На интернет страницата на Светската здравствена организација се наоѓа само краток текст како Куба ја користи биотехнологијата и е мошне успешна во тоа. На Балканот, еден од најпознатите присталици на Кубанската медицина беше познатиот српски артист, Бата Живојиновиќ, кого кубанските стручњаци го имаат излекувано од гангрена и тоа во домашни услови и му ја спасиле ногата од ампутација.

Инаку, само во 2008 година СЗО заедно со Агенцијата за истражување на канцерот регистрира 12,4 милиони новозаболени од разни видови на канцер ширум светот.

Но, ова за жал не е крај. Во 2012 регистрирани се 14 милиони новозаболени во светот, додека морталитетот се зголеми од 8,2 милионии на 13 милиони луѓе годишно.

Најчесто умираме од рак на белите дробови , потоа од рак на јетра и желудник. Најчесто боледуваме од рак на белите дробови, од рак на гради и од рак на дебелото црево.

Вечер.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top