Home / алтернативна медицина / 26 енергетски точки кои ќе ве ослободат од болка

26 енергетски точки кои ќе ве ослободат од болка

На секоја страна од нашето тело постојат најмалку 26 енергетски точки кои понекогаш го кочат протокот на енергијата и прават блокади. Тоа особено му се случува на современиот човек поради неговиот начин на живеење со премалку движење и многу седење. Сите енергетски точки непосредно се поврзани со сите телесни функции. Кога врвот на прстот ќе се стави на таквите точки, се ослободуваат блокадите и енергијата повторно може непречено да тече. Многумина ќе бидат изненадени што чувствуваат болка и од самиот лесен притисок на одредена точка, но тоа е само сигурен знак дека прстот сме го ставиле на вистинското место и дека токму таму постои блокада.

Дали сте ја виделе Кирлијановата фотографија на која се гледа аурата, зрачењето околу човековото тело. Ако сте ја виделе, сигурно сте забележале дека прстите сјаат со енергија. Во прстите се наоѓа најсилното енергетско поле во човековото тело. Токму тоа треба да го искористиме за да ги пробиеме енергетските блокади, за да оздравиме и да се чувствуваме подобро.

Прва метода: притисок врз прстот

Наједноставната метода која дава изненадувачки резултати се состои во ова – палецот и другите прсти од едната рака еден по друг опфатете ги со другата рака со нежен стисок. Така треба да ги држите околу три минути. Ова може да го правите без оглед каде се наоѓате. Прстите на секоја рака дејствуваат врз одделни органи и помагаат за одделни болести и тегови:

Torso_front_back-927x622– палец – желудник, слезина, грижи, депресија, температура;
– показалец – бубрези, мочен меур, страв;
– среден – црн дроб, жолчен меур, бес, умор;
– домал прст – бели дробови, дебело црево, песимизам;
– мал прст – срце, тенко црево, гасови, нерви.

Втора метода: средишна енергетска линија

Ако сакате појак ефект, силно да ја кренете вкупната животна енергија и да постигнете склад и добро расположение, треба да се послужите со малку посложена метода. Таа ја ослободува и ја јакне средишната енергетска линија, линијата што ја предава енергијата. Левата рака положете ја на врвот на главата така што прстите ќе ја допираат кожата. Користете го десниот показалец сам или заедно со средниот прст за да ги правите соодветните чекори. Кај секој од нив треба да ги држите прстите од три до пет минути на соодветната енергетска точка:

*Прв чекор: Трето око. Тоа е точката што се наоѓа еден сантиметар над коренот на носот, т.е. над местото на кое носот се спојува со челото. Притиснете со прстот. Оваа точка е извор на младоста, ја јакне животната сила и помага да се регулира крвниот притисок.

*Втор чекор: Врвот на носот лесно притиснете го кон горе. Ова поволно дејствува на стомакот и на карлицата.

*Трет чекор: Ставете го прстот на дупчето на вратот кое се наоѓа точно помеѓу клучните коски и лесно притиснете кон долу. Така ќе имате поголема духовна рамнотежа. Освен тоа, поволно дејствува на штитната жлезда и на состојбата со калциумот во организмот.

masaza vrat glava*Четврти чекор: Градната коска се спушта од вратот кон желудникот. Поминете со прстот по неа. На едно место ќе почувствувате придушена, едвај осетлива болка. Таму притиснете. Тоа го забрзува духовниот развој, помага против стресот и ве прави посреќни.

*Петти чекор: Притиснете го крајот на градната коска пред желудникот. Ова ги јакне срцето, работата на слезината, нервниот систем, ги балансира хормоните, го подобрува имунолошкиот систем и ги смирува дивите чувства, како бесот, љубомората и очајот.

*Шести чекор: Лесно притиснете ја точката што се наоѓа два сантиметра над папокот. Тоа воспоставува душевна и телесна стабилност, но и го помага варењето во тенкото и во дебелото црево.

*Седми чекор: Притиснете ја срамната коска. Ова ја ослободува главата од напнатост, влече енергија од врвот кон дното на телото, н` доведува во склад. Го помага и го урамнотежува метаболизмот.

*Осми чекор: Левата рака ставете ја на срамната коска, а десната на опашката. Ова овозможува проток на енергија низ грбот.

И првата и втората метода поволно дејствуваат на нашата општа состојба. И тоа не дури по неколку месеци или недели. Веќе за неколку дена ќе се почувствувате подобро, полни со енергија.

SRCE-masazaТрета метода: Сите енергетски точки

Ако сакате темелно да си го подобрите здравјето, најдобро е секој ден да ги третирате сите енергетски точки на телото, да им пуштите струја. Но како да ги најдете местата на кои треба да притиснете? Иако секој човек анатомски се разликува, сепак не би требало да имате проблем во нивното пронаоѓање.

Имено, местата на кои веќе има блокади т.н. центри на болката не е тешко да се откријат. Ќе се покажат самите само ако малку посилно ги притиснете. Но уште еднаш да нагласиме: за да го постигнете саканиот ефект, доволно е благо, нежно да ги притиснете енергетските точки. На секоја точка задржете го врвот на прстот околу три минути.

Каде се наоѓаат точките?

E 1 – Во средината на внатрешниот зглоб на коленото. Ова е многу важна точка. Таа ви дава сила да ги уривате границите, да се ослободите и да се раскрилите. Постои и повисока точка E 1 и таа се наоѓа пет сантиметри над основната точка E 1.

E 2 – Врвот на бедрото. Дава сила, мудрост, го симулира одбранбениот систем на телото и помага при грип.

E 3 – Помеѓу врвот на лопатката и третиот ‘рбетен прешлен. (ако не знаете каде е, прашајте го својот лекар или кој било студент по медицина). Оваа точка помага во случај на стравови и настинки.
SRCE-masaza
E 4 – Тилот, т.е. долниот дел од задната страна на главата (базата на черепот). Притисокот на таа точка помага при пречки во главата, главоболки и умор.

E 5 – Под внатрешниот дел од глуждот. Ги помага регенерацијата, метаболизмот, психата и слухот.

E 6 – Под средниот дел на стапалото. Помага за бубрези и коски.

E 7 – Под ножниот палец. Ги активира хормоните, го подобрува дишењето и помага при астма.

E 8 – Покрај врвот на лисната коска. Го поттикнува излачувањето, помага при несоници и грижи. Пет сантиметри под неа се наоѓа долната точка E 8, која треба да ја притиснете ако имате забобол.

E 9 – Помеѓу лопатката и осмиот ‘рбетен прешлен. Поволно дејствува на црниот дроб, жолчката, белите дробови и на носната шуплина.

E 10 – Помеѓу лопатката и петтиот ‘рбетен прешлен. Оваа точка дејствува на срцето, белите дробови, крвниот притисок, а притисокот на неа го спречува затнувањето на артериите.

E 11 – Покрај првиот прешлен. Помага при проблеми со носот, болки во вратот, проблеми со бубрезите и при ишијас.

E 12 – Средина на вратот. Ослободува од напнатост.

E 13 – Третото ребро. Четири сантиметри од градната коска, над градната брадавица. Оваа точка е надлежна за бронхите.

E 14 – Основата на лакот на ребрата, три сантиметри кон средината. Поволно дејствува на варењето на храната и на искористувањето на витамините.

E 15 – Почетокот на бутот. Ставете ги прстите еден до друг. Корисно е за срцето и за вените, помага при менструација и носи радост.

E 16 – Под надворешниот глужд. Влијае на жолчката, бубрезите, половите органи, мускулите.

E 17 – Рачниот зглоб, во делот пред малиот прст. Притисокот на тоа место ќе ги ублажи сите болки и ќе ве ослободи од напнатоста.

E 18 – Рачен зглоб, од внатрешната страна кај коренот на палецот. Помага за успивање, дишење, ги ублажува теговите со грбот.

E 19 – Лакотот, на превојот од внатрешната и од надворешната страна. Дејствува на бубрезите, алергиите, варењето на храната.

E 20 – Над веѓите. Ја смирува душевната напнатост, болката во предниот дел на главата, го подобрува памтењето.

E 21 – Долниот дел од коската на јаболкцата. Дејствува на уморот, ги смирува мислите, помага при депресија.

E 22 – Коритото под клучната коска. Дејствува во случај на шлог, кај остеопорозата, климакериумските тегоби. Помага и за полесно учење.

E 23 – На најдолното градно ребро. Дејствува на заразите, подвижноста, анемијата.

E 24 – Стапало, надворешен дел. Дејствува смирувачки, донесува склад и мир. Ја поттикнува упорноста.

E 25 – Карлична коска. Дејствува кај замор, врз мускулите и сврзното ткиво, мочниот меур.

E 26 – Под рамето, кај мишката. Помага при неподвижност на екстремитетите и зглобовите, кај проблеми со лопатката. Ја зголемува виталноста.

Со секоја енергетска точка се наведени само основните ефекти. Во реалноста тие точки може да имаат неограничено дејствување врз оздравувањето на вашето тело. Значи, треба да се обидете и да видите за што ќе ви помогне струјата на здравјето. Штом имате време, почнете да ги притискате енергетските точки. Така ќе си го подобрите и физичкото и психичкото здравје. А тоа можете да го правите каде било – додека гледате телевизија, додека некој ве вози во автомобил…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top