Home / аларм / Ваков начин на живот доведува до рак!

Ваков начин на живот доведува до рак!

Во истражувањето објавено во списанието Journal of National Cancer Institute, научници тврдат дека луѓето кои поминуваат  неколку часа на ден во седечка положба имаат до 66 проценти поголем ризик од развој на рак отколку оние кои се физички активни.  Во истражувањето биле вклучени 43 лица, а истражувачите откриле голема врска помеѓу седењето и ризикот од рак без разлика на тоа колку некои од испитаниците биле физички активни.

sedenjeСо други зборови, дури и луѓето кои редовно вежбаат се изложени на поголем ризик од развој на рак доколку после тренингот поминат неколку часа  седејќи пред телевизор или компјутер.

Истражувањето открило како неколкучасовното седење е поврзано со 24 отсто повисок ризик за развој на рак на дебелото црево,  32 проценти за рак на грлото на матката и 21 проценти зголемен ризик од рак на белите дробови, пренесува “Net.hr”.

При истражување на навиките за седење, научниците откриле дека гледањето телевизија е поврзано со појавата на рак на дебелото црево и тоа за 54 проценти и рак на матката за 66 проценти.

Со секои два часа на ден поминати во седење  ризикот од рак на дебелото црево се зголемува  за осум отсто, а ризикот од рак на матката за 10 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top