Home / нови лекови / Нов метод при срцев удар може да спаси многу животи

Нов метод при срцев удар може да спаси многу животи

Новиот релативно едноставен начин ан постапка при срцев удар би можел да спаси илјадници животи, пишува во средата BBC.

Со овој нов метод, се чистат сите стеснети артерии кај лице што е примено поради срцев удар, а не само една којашто е комплетно затната. Клиничкото истражување било спроведено во пет британски кардиолошки центри, меѓу кои е и познатата болница „Golden Jubilee National” и од лекарите е оценето како извонредно успешно.

srce3333„Во моментот кога пациентите доаѓаат со инфаркт им се прави итен ангиограм, и обично ја третираме артеријата која го предизвикала срцевиот удар. Меѓутоа, многу од тие пациенти имаат стеснувања и во други артерии. Оттаму, со новиот метод ги третираме сите стеснети артерии истовремено за видиме дали тоа носи некоја дополнителна полза”, вели кардиологот Кит Олдројд од болницата „Golden Jubilee National”.
Секоја година околу 25 илјади луѓе во Велика Британија се погодени од некој вид срцев удар кој се решава со ангиопластика. Актуелните препораки во Велика Британија велат дека проодна треба да се направи само артеријата којашто е целосно блокирана и поради којашто дошло до ударот.

„Повеќето кардиолози сметаат дека не е сигурно да се третира и втора или трета артерија истовремено кога и првата. Резултатот од ова клиничко истражување покажуваат дека таа препорака треба да биде променета”, додава Олдројд.

Истражувањето вклучувало 465 пациенти во пет специјалистички британски центри. Кај половината биле исчистени сите артерии, а другата половина била третирана на конвенционален начин. Научниците утврдиле дека новата техника го намалила ризикот од смртта или нов срцев удар за две третини. Целосната студија е објавена во специјализираниот медицински магазин „New England Journal of Medicine” и ќе биде претставена на меѓународна конференција којашто ќе се одржи подоцна во септември во Амстердам.

Makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top