Истражување во Велика Британија покажало неочекувани резултати, според кои долгите денови во текот на летото можат да влијаат на квалитетот на спермата, додека факторите како оние за кои научниците сметаат дека ја имаат таа улога, како што се прекумерната тежина, пушењето и алкохолот, воопшто не влијаат на сперматозоидите.
Еден од ризичните фактори кој потекнува од животните навики, а го менува квалитетот на спермата, е пушењето марихуана, кое може да ги намали шансите за татковство со менување на големината и обликот на сперматозоидите.
Слични ефекти се забележани во лето, иако експертите сметаат дека веројатно за тоа не е виновна горештината, туку должината на денот и хормоналните промени.Кога помалку од четири отсто сперматозоиди се со нормален облик и големина, статистиките покажуваат дека мажот има проблем да се оствари како татко.
Научни тимови од универзитетите во Шефилд и Манчестер го спровеле најголемото истражување од овој вид во светот.
Користејќи ги податоците од 2.249 мажи кои посетувале клиники за вештачко оплодување во Велика Британија, ги споредиле нивната медицинска историја и личните навики. Од овој број, 318 испитаници имале помалку од четири отсто нормални сперматозоиди, додека кај останатите спермата била со подобар квалитет.Мажите од едната група користеле двапати повеќе канабис во последните три месеци пред давање на примероците. Исто така, тоа го правеле двапати почесто во текот на летото.Покрај тоа, научниците веруваат дека младите мажи се повеќе “погодени ” од овој проблем, бидејќи е повеќе веројатно да користат марихуана во големи количини. Еден од научниците изјавил дека оние кои постојано користат марихуана и сакаат да станат татковци треба да престанат три месеци однапред.
– Јас не може да гарантирам дека тоа ќе ја подобри спермата, но тоа е разумна претпоставка, изјавил научникот.