Home / Болести и лечење / Зошто имате подочници и како да ги отстраните

Зошто имате подочници и како да ги отстраните

Дехидрацијата е еден од најголемите предизвикувачи на подочници. Соковите и газираните пијалоци нема да ја спречат дехидрацијата, треба да се пие исклучиво вода.

Подочниците се резултат на некои хемиски состојби кои можат да се случат во организмот. Многу е подобро да се пристапи на начин да се открие проблемот и да се отстрани отколку да се прикријат подочњаците. Кожата околу очите е многу осетлива, тенка и полна со крвни садови.

Настанувањето на подочниците може да биде последица од голем број на работи како на пример физичкиот и емоционалниот стрес, пушењето или претераното конзумирање на алкохол. Е сега некои можат да кажат дека не пушат и дека не пијат толку многу. Во тој случај причината би можела да биде некоја состојба на кожата, како што е екцем, или пак атопијски дерматитис, кој предизвикува темни подочњаци. Други чести причини за појава на подочниците би можеле да бидат недоволно спиење, губењето на сонот, дехидрација, алергии, недостаток на витамини и минерали.

Што можете да направите?

Потребно е конзумирање на големо количество на вода. Дехидрацијата е еден од најголемите предизвикувачи на подочници. Соковите и газираните пијалоци нема да ја спречат дехидрацијата, треба да се пие исклучиво вода.
Понатаму, да се потрудите да си обезбедите мирен сон. Потрудете се да бидете наспани, спијте најмалку осум саати. Тое е период на кој што на организмот му е потребно да се обнови и одмори. Вашето тело не може да се опорави ако не добива доволно сон.

Добро е да се конзумираат и мулти-витамини. Подочниците можат да бидат и како последица од недостаток на витамин Б12, со што е поврзана и анемија. Експертите препорачуваат и витамин К и витамин Б6.

Од корист ќе ви бидат и кофеинот, зелениот чај, кои што делуваат така што ги собираат крвните садови, па подочниците ќе бидат помалку видливи. Две кесички зелен чај го ставате да отстои во пет минути врела вода, го вадите кога ќе се олади го држите на очите 15 минути.

Користете и крема за нега на местата околу очите. Со развитокот на технологијата, денеска кремите имаат мултиефект кој ја зголемува циркулацијата, го намалува стресот на кожата и обезбедува доста хранливи материјали, кои можат да ги намалат подочњаците. Ако се работи за потежок случај, тогаш е потребно да се посоветувате со лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top