Home / природен лек / Лечење со костени

Лечење со костени

Костенитесе богати со витамини C, B и A, како и  калиум, магнезиум и фосфор, флуор, бакар, лицетин. За лековита цел се користат како дивите, така и јадливите костени.

Питоми костени

Помагаат при анемија, кардиоваскуларни болести и болести на дигестивниот систем, имаат диуретичен ефект, антивоспалително и смирувачко дејство, ја подобруваат циркулацијата, лекуваат површни рани, изгореници и кожни болести.

kosten

Тие можат да користат дури и за  регулирање на месечниот циклус . Костените се користат  уште и за лекување на респираторни проблеми, кашлица, го зајакнуваат коскениот систем, лекуваат пародонтални болести, помагаат при дијареа.

Костените се единствени кои содржат Ц витамин од целата група на јатки. И тоа на една шака костени можете да задоволите дури 40% од дневните вредности. Ц витаминот, освен антиоксидативно дејство, е полезен и за здравјето на кожата бидејќи е одговорен за продукцијата на колаген.

2. Заради големата количина на сложени шеќери, костените се стабилен извор на енергија. На телото му е потребно повеќе време овие сложени молекули да ги доведе до попрости и целиот тој процес побавно се одигрува. Наместо негативни осцилации на шеќерните нивоа во крвта, костените даваат подолго време стабилно ниво на енергија. Додатно, имаат малку маснотии и 0% холестерол.

3. Добивате и добар извор на Б витамини и магнезиум. Овие витамини го релаксираат нервниот систем и учествуваат во клеточниот метаболизам. Недостатокот на некои од Б витамините доведува до нарушување во еритроцитната продукција, состојба позната како анемија, а мегнезиумот е полезен против мускулни грчеви, но и кај високиот крвен притисок.

Диви костени

А што правиме со дивите кои паѓаат и ги шуткаме по тротоарите и улиците? Овие не се за јадење, но не се помалку вредни.

peceni-kosteni5

Една компонента од овие костени – есцин е главна состојка во голем број кремови против проширени, варикозни вени. Делува венотонично и против-воспалително. Мајки, идни мајки, жени на високи потпетици, сите што стоите долго време на работното место, еве еден рецепт од домашната аптека.

Околу 20 костени се засекуваат во вид на крст и се прелеваат со појака ракија во стаклен сад. Така се оставаат на темно место околу 40 денови, а повремено се промешуваат со дрвена лажица. Добиената тинктура ја користите за премачкување, но не и масирање на зафатеното место неколку пати на ден.

Како се применуваат за третман костените?

  • За внатрешна апликација или со цел компресирање можете да направите каша од сварени и смачкани костени.
  • За лековита цел можете да си направите брашно од костени.
  • Сокот од  костен се разредува со вода во сооднос 1:2 за внатрешна апликација.
  • Од кората на костенот  можете да направите напивка која помага при проблеми со бубрезите, стомачни заболувања, гнојни рани.
  • Од костените се прави и мед, кој има силно антибактериско и имуностимулирачко дејство. Има темна боја и горчлив вкус.
  • Од листовите на костеновото дрво се подготвува чај.
  • Алкохолното решение со костени помага при заболувања на зглобовите, мускулните болки и проблемите со тетивите.
  • Костените, ставени под перница, обезбедуваат мирен сон и успешно лекуваат стекнатото секојдневен стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top