Home / алтернативна медицина / Работи кои експресно ја ублажуваат гладта

Работи кои експресно ја ублажуваат гладта

Чувството на глад може да биде толку многу непријатно што поради него и најупорните се откажуваат од држењето диета. Стомакот може да ве измами и да ве натера да мислите дека сте гладни. Научете да ги контролирате овие лажни сигнали.

Но, постојат и природни и брзи трикови кои проверено и лесно ја ублажуваат гладта – еве како да ги контролирате

jadenjeВода

Ако пиете вода тоа нема да направи магија и да изгубите веднаш килограми. Но, често пати се мешаат сигналите кога сте гладни, а кога жедни. Недоволното внесување на течности може да бе излаже дека сте гладни, па затоа редовно конзумирајте течност, поточно вода која на долг рок ќе ви помогне да слабеете.Освен што ќе го прочисти вашето тело, водата максимално ќе го ублажи чувството на глад меѓу оброците.

Досада

Размислете кога чувството на глад е најсилно? Одговорот е мошне едноставен – кога ви е досадно. Досадата понекогаш несвесно ве тера да посегнете по храна. Но, наместо на тој начин да го трошите времето, направете нешто целосно спротивно. „Убијте“ го времето и досадата со помош на вежбање. Тоа го забрзува метаболизмот, го обликува телото и во овој случај, ќе ви го одвлече вниманието од гладта.

Престанете да гледате фотографии со храна

Можеби се бомбардирани со фотографии од храна, со реклами на која храната изгледа совршено, примамливо и речиси да можете да го почувствувате нејзиниот мирис. Избегнувајте да гледате вакви фотографии бидејќи може да ви предизвикаат „лажна“ глад.

Не спиете доволно

Ако не спиете доволно, храната ќе ви изгледа посебно привлечно. Тогаш може да посегнеме по поголеми порции кои ако сме наспани нема да може да ги изедеме. Значи, спијте доволно и нема да бидете гладни.

Грицкање

Грицките меѓу оброците се најлош непријател за секој кој планира да изгуби некој килограм. Освен што станува збор за внесување на непотребни калории, речиси нкогаш немате мерка за тоа колку сте изеле. Токму зарад и тоа обидете се да бидете искрени кон себе. Запишете се што сте изеле меѓу оброците и обидете се грицките да ги замените со вода или чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top