При земјотрес граѓанинот треба да се спушти на под, евентуално да се покрие, да клекне под маса или наспроти внатрешен ѕид, но не кај врата, с` додека не престане тресењето. Откако ќе запре тресењето, треба да се провери состојбата и останатите присутни во просторијата и да се пристапи кон најблискиот излез или алтернативен излез, доколку постои. Треба да се евакуираат сите лица од објектот (станбена или деловна зграда), меѓутоа мирно, колку може потивко, во ред, во колона, а сепак да биде брзо. Евакуацијата не смее да се врши со лифт.
Ова се генералните совети, но Даг Коп вели да заборавите на сето ова.. еве што тој советува
Даг Коп е член на Американскиот интернационален тим за спасување, светски познат тим кој се справува со природни катастрофи и нуди совети како да преживеете во случај на земјотрес,а ги пренесува Курир.
Едноставно речено, кога куќа или зграда се руши поради земјотрес, тежината на урнатините паѓа врз масата или рамките од вратата и ќе го смачка оној кој се крие под нив.
Прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат да си го спасите животот во случај на земјотрес.
Тој вели дека „триаголникот“ на животот значително ќе ви помогне да спасите жива глава за време на ваква катастрофа, како што е прикажано на следните фотографии.
1. Никогаш немојте да се криете под маса или слични предмети.
2. Легнете покрај некој голем предмет како што е тросед, спална, автомобил, плакар… Свиткајте се во фетална положба.
3. Доколку имате можности, вашето живеалиште изградете го од дрвена конструкција. Дрвото е лесно свитливо и сосема различно реагира на земјотрес за разлика од куќи и згради направени од цигли.
4. Ако сте во кревет за време на земјотрес, симнете се од него и легнете покрај креветот.
5. Доколку земјотресот се случи додека сте во зграда и немате шанси брзо да излезете од неа, легнете во фетална положба покрај големо парче мебел.
6. Никогаш немојте да се криете под скали. Тие се навистина опасно место за време на земјотрес.
7. Надворешните потпорни ѕидови на куќите се најбезбедно место за криење. Доколку имате шанса, кријте се таму.
8. Доколку сте во автомобил, веднаш излезете од него и легнете веднаш до автомобилот, повторно во фетална положба.
9. Доколку се наоѓате во библиотека или некое друго место каде има купови хартија, сокријте се до полиците со книги. Хартијата не се витка или крши, па имате големи шанси да си го спасите животот.
10. Едно од најнебезбедните места за криење за време на земјотрес е рамката од вратата. Никогаш немојте таму да барате спас, иако тврдењата велат дека таму е безбедно.
Експертот вели дека овие совети помагаат за значително да си ги зголемите шансите за преживување.
Ако е потресот помал, лицата може да излезат од објектот и додека трае тресењето, особено оние што се во куќи, на приземје и кои можат многу брзо да излезат. Но, ако е потресот силен, не се препорачува бегање и излегување на тераса затоа што граѓанинот може да настрада од работите што паѓаат, како тавани, греди, скали, стакла од прозорци. Лицата што се евакуирале не смеат да ги напуштаат објектите за привремено сместување с` додека не добијат информации за ситуацијата на терен, дека просторот и објектите се безбедни да се вратат во нив.