Врз основа на добиената временска прогноза од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, и денес подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град.
Поради тоа, Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните, без особена поголема причина да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосверски електрични празнења. Исто така, без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност.
Им препорачуваме на населението во случај на ИТНА потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-ПОЛИЦИЈА, 193-Бригада за ПП заштита, 194- за потреба од ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ и 195 – телефон за сите можни ризици и опасности во ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ.
Покрај тоа, населението од Градот Скопје да ги користат трите новопоставени телефонски броеви за пријавување на одредени настанати опасности или дефекти во нивната средина.
На овие телефони пријавувајте непогоди
(Интегрален текст од соопштение на Центарот за управае со кризи)