Home / аларм / Мислите дека купувате маслиново масло – тогаш и вие сте измамени, купувате масло од семки

Мислите дека купувате маслиново масло – тогаш и вие сте измамени, купувате масло од семки

Практикувате ли здрава исхрана преполна со зеленчук зачинет со маслиново масло? И тоа екстрадевствено со висока цена? Ако сте еден од нив, можеби влегувате во групата на илјадниците измамени што наместо ладно цедено масл иново масло купиле масло од семки. Британските медиуми деновиве објавија голема афера со потекло од Италија во која откриваат илјадници литри фалсификуван маслинов зејтин. И тоа не кој било, туку ладно цеден, пренесува Дневник.

maslinovo masloСпоред медиумите, само 10 отсто од светското производство на ова масло ги задоволуваат критериумите и декларациите. Другото е фалсификат. За трагедијата да биде поголема, во големите трговски ланци најголемата понуда на масло од маслинки е всушност од овој тип ладно цедено маслиново масло. И тоа, според рекламите и цените, с` што се нуди е со највисок квалитет.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека кај нас не е пронајдено фалсификувано екстрадевствено масло за јадење.

– Kај нас не е поднесена ваква претставка. Од почетокот на годинава досега не е поднесена ниту една претставка ниту за други фалсификувани производи. Претставка по оваа основа не е поднесена ниту во 2013 година. Во 2012 имало само една и тоа било за зачин. Агенцијата за храна и ветеринарство врши редовни инспекциски контроли во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите. Се преземаат и мерки и за заштита на граѓаните од заблуда, односно измама – велат во Агенцијата за храна.

– Ако на литар од ладно цеденото се додаде само 10 отсто друг тип масло, може многу да се заработи. Лажното масло може да се открие единствено со анализи на масно-киселинскиот состав, бидејќи секое има различен состав. На сите пазари најмногу се бара италијанското екстрадевствено маслиново масло и затоа тоа најмногу се фалсификува – пишуваат британските медиуми.

Најчеста метода за фалсификување е со додавање маслиново масло со полоша категорија, кое се добива од лоши маслинки и нивни семки, но и од маслодајна репка или соја, а бојата се нагодува со додавање хлорофил, кој се разредува или со бета-каротен.

Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top