Home / Болести и лечење / Слепото црево сепак има функција, еве која!

Слепото црево сепак има функција, еве која!

Досегашните теории сметаа дека слепото црево е еволуциски остаток на некогашен многу поголем и функционален орган чие отстранување се препорачувало.

slepo-crevo1Со генерации се веруваше дека слепото црево нема функција, а сега научниците ја докажаа вистинската функција на овој орган.

Откриено е дека слепото црево е складиште за добрите бактерии кои телото би можело да ги употреби за обнова на системот за варење доколку заболе од дизентерија или колера.

Досегашните теории сметаа дека слепото црево е еволуциски остаток на некогашен многу поголем и функционален орган.

Со години се препорачува негово отстранување, а самата операција наизглед немала никакви негативни ефекти.

Но, сепак новите откритија не значат дека слепото црево треба да се задржи по секоја цена, предупредуваат истражувачите од американскиот Универзитет „Duke“.

– Ова на некој начин е необична работа која ја откривме, но не сакаме негативно да влијаеме или луѓето сега да велат „ах, слепото црево има функција, сега нема на лекар да одам, ќе го задржам“, вели професор Бил Паркер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top