Home / природен лек / Коприва – лек за слабокрвни лица

Коприва – лек за слабокрвни лица

Често копривата се применува  поради железото кај слабокрвните лица, зашто влијае врз создавањето поголем број на црвени крвни зрнца. Со јадењето коприва се подобрува мокрењето, се намалуваат ревматските болки и се поттикнува лачењето млеко кај доилките. Голема примена има и во козметиката. Екстракт од коренот на опривата се наоѓа во производите против опаѓање на косата.

sinusi-koprivaВо неа има многу флавоноиди, стероли и други состојки кои позитивно дејствуваат врз нашиот организам. Копривата содржи значително количество на хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А.

Китка млади листови од коприва треба да се варат 15 минути во литар вода, да се прецеди и да се пие во текот на целиот ден. Препорака е редовно да се пие чајот од коприва еден месец.

Копривата ретко може да се најде во менито, иако станува збор за вкусен продукт кој може да се приготвува варен како спанаќот или исечкан и измешан со јајца во вкусен омлет. Може да се подготви на многу начини, како и секој зеленчук. Иако питата од коприви е нешто прекрасно јадење, во цела Европа позната е супата од оваа билка, единствено јадење во кое копривата има главна улога.

Со примената на готовите препарати во пропишаните дози несакани дејства не се забележани. Но, сепак треба да се биде внимателен зашто високите дози може да предизвикаат црвенило на кожата и опстипација. Копривата не смее да се користи неварена зашто може да ги оштети бубрезите. Со оглед на тоа дека влијае врз засиленото лачење на мочката, кај честите примени на копривата треба да се внимава на губењето калиум и да се зема храна богата со тој минерал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top