Најновите откритија на експертите укажуваат дека внесувањето на доволно количество вода може да превенира и спречи некои болести.
На тој начин на примерможе да се спречи формирање на камења и инфекции на уринарниот тракт, па дури и формирање на рак на мочниот меур.
Камења во бубрезите
Појачан внес на течности го намалува ризикот од повторна појава на камења, преку избегнување на создавање на концентрирана урина. Овој ризик се намалува за 50 отсто преку внесот на повеќе од два литри течност на ден. Сепак, кога станува збор за превенција од создавање на првиот камен во бубрегот податоцитеод студијата се уште не се завршени.
Инфекции на уринарниот тракт
Постојат некои докази дека недоволен внес на течности е придружен со настанување на зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт. Од друга страна, зголемениот внес на течности доведува до намалување на концентрацијата на бактерии во урината, испирање на слузницата во мочниот тракт и намалување на густината и киселоста на урината. Сепак, ова се уште не е потврдено во експериментални и клинички студии.
Рак на мочниот меур
Овој рак по зачестеност е на петто место. Главни фактори на ризик за неговиот развој го вклучуваат пушењето и изложеноста на различни хемикалии. Подобрен внес на течности може да доведе до намалување на концентрацијата на канцерогени супстанции и нивно ефикасно испирање. Особено висок ризик од настанок на ракот на мочниот меур имаат пушачите кои недоволно пијат течности.