Home / Болести и лечење / Замор, губење здив, дијареа, нервоза, трнење на рацете – ви фали овој витамин

Замор, губење здив, дијареа, нервоза, трнење на рацете – ви фали овој витамин

Благиот недостаток од овој витамин може да предизвика замор, губење здив, дијареа, нервоза, трнење на рацете и нозете, а додека пак сериозниот недостаток може да предизвика невро­лошки оштетувања.Недостаток од ви­тамин Б12 е честа појава. Голем број луѓе патат од овој недостаток, а за тоа во­општо не се свесни. Луѓето кои се вегетаријанци и мак­робиотичари, се посебно склони кон недостаток од овој витамин.

vitaminiВитамин Б12 или кобаламин е посебно важен за здравјето на нервните клетки и за создавање ДНК и РНК- генетскиот материјал во организмот. Витаминот Б12 и фолната киселина се неопходни за создавање црвени крвни зрнца, а тоа пак влијае на снабдувањето на организмот со кислород. Тие влијаат и на имунитетот и на расположението.

Витаминот Б12, заедно со витаминот Б 6 и со фолната киселина, мо­жат да го намалат високо­то ниво на хомоцистин во крвта. Хомоцистин е амино­киселина што е поврзана со ризикот за развој на срцеви заболувања, остеопороза, Паркинсонова и Алцхајме­рова болест.

Кај луѓето честопа­ти се појавува благ недоста­ток од витамин Б12, бидејќи овој витамин има многу сложена структура и тешко се усвојува во организмот.   луѓе над 65 годишна возраст исто така имаат недостаток од овој витамин, бидејќи создавањето на внатрешниот фактор кој е одоворен за усвојувањето на витаминот Б12 се нама­лува со текот на годините.

vitaminite-300x199Лицата кои имаат инфекција на желудникот со бактеријата Helicobakter pylori,што води до чир на желудникот, исто така има­ат недостаток на витамин Б. Тоа е затоа што оваа бакте­рија ги уништува клетките на слузницата во желудни­кот, а слузницата го создава внатрешниот фактор што е неопходен за усвојување на витаминот Б12. 

Потреба од зголемено количество

Зголемено коли­чество од витамин Б12 е потребно за децата во пе­риодот на растот и развојот, за бремените жени, за до­илките, при некои видови анемии и при оштетување на нервите.

Несакани појави

Витаминот Б12 се смета за безбеден,бидејќи не е забележана некоја не­сакана појава. Витаминот Б12 не е токси­чен, а тешко се усвојува во организмот.

Некои лекови може да го намалат нивото на ви­таминот Б12 во организмот, како што се антиколвузиви, матотрексат, Н2 блокато­ри, метформин. Витаминот Б12 не треба да се зема истовремено со тетраци­клини бидејќи им смета во апсорпцијата и ја намалува нивната ефикасност. Овој витамин треба да се зема во различно време во однос на тетрациклините. Долго­трајната употреба на анти­биотици може да го намали нивото на Б витамини во организмот, посебно на ви­тамините Б2, Б12 и фолна киселина, како и витаминот Х, за кој се смета дека при­паѓа во групата витамини Б комплекс. 

Се пре­по­рачува секојдневна употреба на Б12 како додаток во исхраната на вегетаријанците и веганите, бидејќи овој витамин обично недо­ста­сува во вегетаријанската исхрана.

• Му помага на телото при метаболизмот на јагленохидрати, протеини и маснотии

• Му помага на телото да произведува здрави крвни зрнца

• Важен е за одржување на здрав нервен систем

• Може да помогне при редуцирање на симптомите на анемија

• Може да биде корисен при иритација или инфекција на устата / афти

• Помага да се задржат оптимални нивоа на енергија во телото

Наменет е за:

– Оние кои што сакаат да ги зголемат нивоата на нивната енергија

– Веганите и вегетаријанците на кои што можеби им недостасува Б12 заради нивната исхрана

– Оние кои што сакаат да го заштитат функционирањето и здравјето на нивниот нервен систем

– Луѓето кои што имаат лош метаболизам на храната која што ја конзумираат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top