Во народната медицина чајот од анасон се употребува како диуретик, а е познат и по тоа што, при настинки ја намалува покачената телесна температура.
Чај од анасон се пие за подобрување на варење на храната, многу помага и го олеснува исфрлањето на секрет при кашлицата, воопшто, одличен е при воспаление на органите за дишење, бронхитис, кашлица. Помага при болни менструации, против надуван стомак, ги смирува грчевите, кај мајките доилките го зголемува лачењето на млекото, а има особина и да ја прочистува и крвта.
Подготовка.
Една полна лажичка сомелено семе од анасон се залева со една чаша зовриена вода, така се остава да стои 10 минути, а потоа се цеди и пие. При кашлица се пие 2 – 5 пати на ден по една чаша. Може слободно да се заслади со мед (не со шеќер). Овој чај е одличен за секого, особено за мали деца кои кашлаат. Доколку не постои можност семето да се смеле (јас го мелам во машинка за кафе), може слободно да се стават цели зрна но тогаш, откако ќе се залее со зовриената вода, треба да стои подолго време, околу 30 минути, па пото да се цеди и пие.
Во случај на долготрајна кашлица, која не баш лесно се лечи, многу помага тинктура направена од алкохол и анасон, а може да си ја направите сами, во домашни услови. За таа цел, во стаклено шише се става 100 г анасон, се залева со 500 мл 70% алкохол и се остава да стои 2 до 3 недели. Потоа течноста се прецедува, се чува во стаклено шише и во ладилник. Се пие повеќе пати на ден по 10 – 15 капки.
Доколку ве мачи несоница пробајте навечер, пред спиење да испиете една чаша врело млеко во кое е додадена 1 лажичка семе од сомелен анасон и 1 лажичка мед. Млекото не се цеди се пие заедно со анасонот. Ако имате проблеми со столицата, 15 – 20 минути пред секое јадење испијте по 2 лажици чај од анасон.
Анасон во козметика
За вакви цели обично се користи маслото од анасон и е главно наменето за зрела и овената кожа на лицето. Тоа ја прави кожата поеластична, го подобрува целокупниот тонус, ја нормализира влагата и маснотиите, и дава здрав и младалачки изглед. Токму затоа маслото од анасон редовно е застапено во препаратите наменети за нега на стара кожа.
Анасон ја зајакнува фоликулите на косата, ја подобрува структурата на коса особено помага при лечење од себореја. Постојат докази дека масло од анасон може да помогне да се ослободи од вошките и од шугата.
Интересни факти за анасонот
Мирисот на анасон го сакаат дури и животни: кучињата и мачките, па анасон често се користи во нивната обуката. Дури и рибите го сакаат анасонот. Многу често рибарите ја мачкаат мамката со анасон и ловот е гарантиран.
migusto.mk