Home / аларм / Вегетаријанците се помалку здрави од оние кои јадат месо

Вегетаријанците се помалку здрави од оние кои јадат месо

Вегетаријанците обично се уверени дека има многу здравствени придобивки од исхраната која не вклучува месо.

vegetarijanecСепак, ново истражување сугерира дека вегетаријанската исхрана е поврзана со послабо здравје и квалитет на живот. Студијата покажа дека вегетаријанците почесто ги посетуваат докторите отколку луѓето кои јадат месо, како и дека се посклони на алергии, заболување од карцином, но и проблеми со менталното здравје.

Истражувањето покажа дека вегетаријанците имаат и до 50% зголемен ризик од алергии, но и од срцеви удари и карцином. Исто така, установено е дека вегетаријанците почесто се изложени на депресија и анксиозност.

Меѓутоа, истражувањето на Медицинскиот факултет во австрискиот град Грац исто така откри дека вегетаријанците се “поздрави” на некој начин, бидејќи обично се повеќе физички активни и пијат помалку алкохол.

Покрај тоа, поголема е веројатноста дека не се пушачи, како и дека немаат проблеми со вишок килограми. Понатаму, студијата покажа дека вегетаријанци се обично луѓето од повисокиот социоекономски статус.

“Нашата студија покажа дека возрасните луѓе кои консумираат вегетаријанска храна, наспроти некои предности, сепак се помалку здрави во смисла на заболување од рак, алергии и ментални пореметувања, односно имаат понизок квалитет на живот. Тоа значи дека е потребно да се направи своевидна медицинска програма за да се намалат ризиците, а луѓето да се запознаат со мааните и предностите на вегетаријанската исхрана”, заклучуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top