Четири години подоцна Дени се чувствува одлично, благодарение на дневниот протокол кој го усвоил и кој вклучува пиење на сок од пченична трева (млада пченица), хранлива густа „суперхрана“ со разни неверојатни здравствени бенефиции.
Дени станал свесен за својата состојба кога чирот на желудникот одеднаш му експлодирал во стомакот. Откако бил однесен во болница од фармата на која живее, лекарите се бореле да го спречат крварењето, за притоа да откријат дека Дени всушност има тежок облик на рак на желудникот кој се проширил низ целото тело. Тие го предупредиле дека единствениот начин на кој би можел да се ослободи од ракот, според нивното мислење, би било да помине низ конвенционално лечење – хемотерапија и зрачење.
За разлика од повеќето луѓе, Дени одлучил да ги истражи другите методи на лечење. Подоцна ги известил своите доктори дека се определил за сопствен домашен третман, кој вклучува конзумирање на млада пченична трева.
Докторите биле прилично лути поради неговата одлука, истакнувајќи дека тој ќе биде мртов во рок од неколку недели ако ги одбие нивните лекарски совети. Но тој останал одлучен.
„Им реков на докторите дека не сум подготвен да подлегнам на лечењето кое ми беше предложено. Знаев дека ќе ме убие. Тие беа бесни што дојдов до тој заклучок. Мојот приватен доктор ме предупреди дека ќе умрам за три месеци“ – рекол МекДоналд.
Изборот на Дени за користење на пченична трева како третман за неговиот рак се темелел на многу искуства за кои слушнал од пријатели за чудесното лековито својство на зелената пченица.
„Во рок од седум дена чувството на пецкање кое го имав помина, и јас се чувствував многу подобро. Престанав да ги земам таблетите кои ми беа препишани и оттогаш немам земено ниту една таблета до денешен ден. Еден месец подоцна болката сосема исчезна и знаев дека сум на пат да се опоравам. Пченичната трева делуваше. Направив вистинска одлука кога ги одбив советите на докторите“.
Исто така, Мек Доналд ја добил назад сета маса која ја изгубил како резултат на користење на лекови за неговата болест. Почнал со само 28 грама од пченичниот сок дневно, а потоа стигнал до 200 грама дневно сок од пченична трева на ден. Тој успешно се излечил од ракот.
„Знам многу доктори кои мислат дека пченичната трева нема квалитети и способности за убивање на ракот, но јас сум жив доказ дека тоа не е вистина и дека таа функционира“ – додава тој.
Прочитајте повеќе за пченичната трева во категоријата – Алтернативна медицина
www.alo.rs /www.magazin.ba