Без разлика дали станува за хронични пациенти кои секојдневно земаат терапија, или пак само повремено пијат лекови, многу луѓе земаат само половина таблета за да ја преполоват дозата која ја земаат.
Но, оваа пракса фармацевтите никако не ја препорачуваат, туку советуваат таблетките никако да не се кршат.
„Таблетките со причина се обложени со филм, односно заштитна обвивка, најчесто за да се спречи нивното растварање во желудникот, но и да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните состојки во лекот. Затоа никако не се препорачува да се кршат таблетите“, вели Весна Радуновиќ, магистар по фармација. „На пример, ако го преполовите аспиринот, исчезнува неговото заштитно дејство врз слузокожата на желудникот“.
Со кршењето на некои лекови се менува фармаколошката формулација, не се дели правилно дозата, а кај некои повеќеслојно обложени лекови кои се со комплициран начин на отпуштање на лекот, се менува комплетно дејството на лекот.
Некои лекови евентуално би можеле да се преполоват, и тоа обично оние на кои има линија, но не секогаш линијата е знак дека смее лекот да се крши. Најдобро е да ги кршите само оние лекови во чие упатство пишува дека е така дозволено, или ако вашиот лекар или фармацевт ви дадат дозвола за тоа.