1.Рак на простата
● Рани знаци: Специфичните први симптоми обично не постојат. Дигиталното ректално испитување може да открие во каква состојба се наоѓа простатата.
● Лажен аларм: Отежнато, зачестено мокрење, непотполно празнење. Овие симптоми можат да значат и зголемена простата или стеснување на мочниот меур.
● Испитувања: Се прави биопсија ако се високи вредностите на ПСА, или ако е голема разликата во неговите промени.
2.Рак на бели дробови
● Рани знаци: Кашлање кое никако не престанува, или искашлување на крв може да бидат знаци за оваа болест. Исто така, константна болка во градите, дури и во мирување, може да биде еден од симптомите.
● Лажен аларм: Воспаление на белите дробови. На рендгенска снимка на белите дробови и пневмонијата и ракот се претставени со бела боја.Пневмонијата ќе се излечи, но потребно е да се направи уште една снимка по 4-6 недели.
● Испитување: Биопсија (земање примерок од белодробното ткиво и негово испитување).
3.Рак на дебело црево
● Рани знаци: Крв во столицата. Никогаш не треба да го игнорирате овој симптом, дури и ако се појави само еднаш. Може да биде знак на предканцерогено крварење на полипите, а крварењето е единствениот прв симптом за овој вид на рак кој човекот може сам да го забележи. Во повеќе од 50% од случаите раните знаци не постојат.
● Лажен аларм: Кај мажите помлади од 50 години, крвта во столицата може да се јави и поради хемороиди, колитис, или абнормалности на крвните садови. Во секој случај, задолжително мора да се посети лекар.
● Испитување: Колоноскопија е процедура преку која докторот ги воочува помалите или поголеми промени на дебелото црево.
4.Рак на бешиката
● Рани знаци: Крв во урината. Оваа појава мора задолжително да ја пријавите на лекар. Кај личности помлада од 60 години крв во урината многу често се јавува и поради камен во бубрегот.
Повеќето канцери на бешиката влијаат на нејзината слузокожа. Доколку се дијагностицира на време, може да се излечи.
● Лажен аларм: Чувствителна бешика или болно уринирање честопати се и знак за инфекција на уринарниот тракт, предизвикана од некоја бактерија. Тогаш може да се јави и крв во урината.
● Испитување: Покрај испитување на бешиката, се врши и преглед на урината, чии резултати можат да покажат дали има канцерогени клетки или не.
5.Лимфом
● Рани знаци: Безболно отекување на лимфните јазли на вратот, под пазувите или во пределот на препоните. Лимфните јазли можат да отекуваат и поради инфекција, но ако отокот не се повлекува повеќе од една недела, потребно е да се испитаат.
● Лажен аларм: Лимфните јазли можат да отечат и од друга причина а не само поради инфекција.
● Испитување: Најпрепорачливо е испитување со помош на биопсија, кога може да се востанови дали има присуство на канцерогени клетки.