Витамин „Х“(биотин)
За да имате здрава и цврста коса мора да се храните здраво. Витаминот Х е од исклучително значење за растот на здравата коса, нокти и скалпот. Овој витамин е дел од витаминот „Б“ комплекс и спречува опаѓање и белеење на косата. Овој витамин го има во јаткастите плодови, жолчка од јајца, млеко… За време на диета осигурајте се дека вашата храна содржи доволно од овој витамин.
Железо
Покрај тоа што недостатокот на железо предизвикува анемија, исто така предизвикува и губење на косата. Ако сакате да ја превенирате оваа состојба тогаш јадете храна богата со железо како што е:какао, чоколадо, џигер, тиква, кавијар, домати, сончоглед, кајсии.
Витамин „А“
„Витаминот А“ е природен антиоксиданс чија улога е да ги задржи природните масти на скалпот. Треба да земате доволна количина од овој витамин за да го одржите својот скалп здрав. Храна богата со витамин „А“ се јајца, млеко, зеленчук, риба, месо.
Витамин „Е“
Овој витамин помага при циркулацијата на крвта во вашето тело и му помага на вашиот скалп . Витаминот „Е“ можете да го најдете во зеленчукот, масло од зеленчук, грав и лешници.
Витамин „Ц“
Овој витамин овозможува да ги одржите вашата коса и кожа здрави и сјајни. Може да го најдете во секое овошје и зеленчук.