Ананасот покрај добриот вкус има и лековита моќ што произлегува од бромелаинот содржан во плодот. Оваа ензимска мешавина, која беше откриена во средината на 20 век, независно дали во кисела или во базна средина, дејствува за поддршката на варењето на храната. Исто така има антивоспалително дејство.
Foto/ foodstory.ro
Во народната медицина екстрактите од ананас се користат за лекување паразити. Популацијата што живее во тропските предели го користи ова овошје како лек за опстипација, слаб апетит, дијареја и надуеност. Во ананасот се наоѓа и комбинација на витамин Ц и витамин Б1 и Б6. Ова тропско овошје е одличен производ што може да ги спречи дегенеративните заболувања на очите. Истражувањата покажале дека редовна употреба на витамини Е, Ц и Б во голема мера ја намалува можноста од настанување макуларна дегенерација на окото.
Ананасот помага во одржување на здравјето на забите и го спречува настанувањето на забен камен и кариес. Го подобрува движењето на цревата, бидејќи содржи големо количество влакна, кои го помагаат варењето и помагаат при елиминацијата на крајните продукти на храната. Ананасот ја прави кожата еластична и сјајна, а ензимите што ги содржи можат да ја намалат појавата на дамки по кожата.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Домородното население на Парагвај го нарекува ананасот nana, што значи вкусни плодови. Токму тоа име доведува до неговиот латински назив – ананас.
Кристофер Колумбо го донел ананасот во Европа. Во 1493 година пријателските жители на Антилските острови на Гвадалупе ги поздравиле странските патници со оваа егзотична овошка. Колумбо бил толку вљубен во нејзиниот вкус што го зел со себе на пат кон дома. Во 19 век ова овошје било успешно одгледувано во стакленици.
Секој што патува во тропските предели, треба да ги бара малите ананаси што се од втората или од третата жетва, односно берба. Тие се значително послатки и поароматични од извезените овошки и може да се најдат само на локалните пазари. Оштетените или премногу зрелите плодови од ананасот локално се користат за производство на оцет од ананас.
Листовите на ананасот од неговиот вид Ananas lucidus се извор на многу фини, бежово-бели влакна, меки и сјајни, кои се користат за правење ткаенини како тантела и превези. Добивањето е макотрпен процес и затоа ткаенините се екстремно скапи. Денес некои корпорации, во соработка со проекти за развојна помош, се обидуваат да го оживеат овој традиционален занает.
Како состојка, екстрактот од ананас се користи во дневниот ревитализирачки крем за подрачјето околу очите на „Д-р Хаушка“, бидејќи дава свежина, го подобрува тонусот на кожата околу очите, дејствува против иритации и има смирувачки ефекти.
Nova Makedonija