Home / нови лекови / Студент измисли гел кој во секунда го сопира крварењето (Видео)

Студент измисли гел кој во секунда го сопира крварењето (Видео)

Џо Ландолина (20) студент по биомолекуларно и хемиско инжинерство на Универзитетот во Њујорк, создаде гел кој би можел да го спречи обилното крварење и така потенцијално да го елиминира користењето на ханзапласт.


324807_vetigel_fЛандолина заедно со Ајзаком Милер, кој на Њујоршкиот универзитет дипломирал економија и менаџмент, дошол до идеја за Вети-гел кој би можел да ја затвори длабоката рана, дури и во органите и големите артерии.
„Нема друг начин за брзо затворање на крварењето освен ставање на голема газа на раната“, изјавила Ландолина за „Њујорк пост“. „Нанесувањето на овој гел на раната на крварењето би се зацврстило и би се спречило“.
Гелот е веќе тестиран на глувци а како што може да се забележи и на видеото истото функционира и на длабоките резови направени на свинско месо. Ландолина оваа смеса ја споредил со екстрацелуларниот матрикс, кој се состои од сложена мрежа на протеинска структура холдинг ќелија. Земајќи материја на екстрацелуларен матрикс од кожата како матрица, тој создал гел, користејќи полимер од растенија.

„Кога ќе навлезе во раната, гелот се надоградува на постоечките полимери. На некој начин му наложува на вашето тело да престане да крвари, активирајќи го згрутчувањето, објаснува младиот научник.
Гелот е лесно да се отстрани по запирањето на крварењето и можете да го попрскате и заштитниот слој, кој изгледа и се однесува како кожата.
Потсекотините на каротидната артерија или вратните вени би можеле да траат неколку мунути и да предизвикаат голем губиток на крв. Гелот моментално би го запрел крварењето како што е направено во експериментот со свинскиот бут.
Ландолина и Милер планираат да со помош на кардиоваскуларен хирург Херберт Дардик, да преминат на експериментите на живите свињи и овците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top