Home / Болести и лечење / Зошто е опасно да се грицкаат ноктите?

Зошто е опасно да се грицкаат ноктите?

Кога децата грицкаат нокти се очекува со време да се ослободат од оваа навика. Меѓутоа, кај возрасните тоа е тешко, а едно германско истражување покажало дека 15% ја имаат оваа навика. Стручњаците сметаат дека се работи за сериозен психички проблем кој може да се надмине со помош на лекар.

grickanje-nokti-260x176Според статистиката, скоро половина од децата и младите од 10 до 18 години повремено грицкаат нокти, секојдневно тоа го прават третина од децата и 45% од тинејџерите, а поголемиот дел од луѓето до 30-та година престануваат да го прават тоа.

Меѓутоа, ноктите често остануваат деформирани. Психолозите советуваат, луѓето кои го имаат овој проблем да обрнат внимание на тоа во кои ситуации имаат потреба за грицкање.

Ако причината за тоа е моменталниот стрес, тогаш применете ја техниката за опуштање, спијте повеќе, вежбајте…

Ако ги гицкате ноктите и живецот, чувстувате тешкотија и напнатост, вашиот проблем е повеќе сложен, но во секој случај важно е да направите се за да се ослободите од оваа лоша навика.

Побарајте поддршка од најблиските, замолете ги драгите луѓе околу вас да ве опоменат кога несвесно ќе почнете да грицкате. Користете средства за зајакнување на ноктите, како и лосиони, лакови и специјална маст со горчлив вкус и силен мирис.

Постојат средства кои овозможуваат ноктите и кожата околу брзо да се опорави, па редовно користете ги.

Жените проблемот го решаваат со лакот за нокти во омилената боја. Откако ќе го нанесат не сакаат да го расипуваат изгледот на ноктите.

Кога сте нервозни, тажни или имате проблем, правете нешто за да можат рацете да бидат подалеку од устата. Можете да купите мало тошче и да го стегате, а тоа ќе ви помогне и да се ослободите од напнатоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top