Home / природен лек / 9 факти за кромидот кои сигурно не ги знаевте

9 факти за кромидот кои сигурно не ги знаевте

kromid1. Сировиот, свежо исечкан или сомелен кромид има најдобро дејство врз здравјето. Ако не можете

да го поднесете неговиот мирис и мора да го зготвите, ќе мора да употребите барем четири кромида за

да го постигнете истиот ефект.

 

2. Иако кромидот понекогаш се нарекува „смрдлива ружа“. тој всушност може да ги излекува ружите од нападот на лисните вошки. Едноставно промешајте мелен кромид со вода и со добиената течност испрскајте ги листовите на ружите.

 

luk1

3. Непријатниот здив после консумирањето на кромидот ќе го решите ако испиете  малку лимонов сок

или ако изедете неколку парчиња лимон. Најдобро се кората, но внимавајте да не е прскан!

 

4. Мирисот на кромидот е најинтензивен веднаш после сечкањето или мелењето.

 

kromid2

5. Ако кромидот го нанесете на раните, тие брзо зараснуваат. Во текот на Првата светска војна овој

метод нашироко го користеле британските војници.

 

6. Исечканиот сиров кромид, ако нежно го втриеме врз акните, може да го намали воспалението. Тајната

е во состојката со име алицин, моќен антиоксиданс.

 

7. Зготвениот кромид ги губи повеќето од своите хранливи состојки, но и понатаму е добар за јадење.

 

kromid3

8. Која е идеалната количина која ќе го подобри вашето здравје? Се препорачува доза од 2 до 4 грама исечкан кромид. 600 до 1200 милиграми екстракт од кромид или 2 таблети од 200 милиграми, три пати на ден.

 

9. Колку и да е добар, кромидот сепак не е за сите. Треба да го избегнуваат оние кои пијат лекови

за разредување на крвта. Исто така, не би требало да го јадете пред операција.

lady.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top