Потопете го ноктот во врела вода. Со тоа ноктот ќе омекне. Потоа со помош на стерилизирана игла подигнете го враснатиот нокт и ставете мало парче памук под него. Со тоа, ноктот ќе добие правилен правец на растење. Парчето памук менувајте го секој ден.
Облога од лимон – Околу проблематичниот нокт врзете парче свеж лимон и оставете да делува цела ноќ. Наредниот ден, кога ноктот ќе биде доволно мек, со стерилна игла подигнете го и сецнете.Секојдневно ставајте памук помеѓу сецнатиот нокт и кожата. На тој начин ноктот ќе добие правилен правец.
За да го намалите гноењето: Ставајте облоги од модар патлиџан. Откако гноењето ќе се намали, измешајте брашно и мед и со помош на газа превијте го ноктот. Откако ќе ја симнете газа, ноктот исплакнете го со чај од камилица.