Home / Болести и лечење / Очите навестуваат и мозочен удар

Очите навестуваат и мозочен удар

Еден преглед на очите кај специјалист може да ви даде информации не само за видот, туку и за состојбата на голем број витални органи во телото. Не случајно се вели “очите се прозорец кон душата”, но освен за менталната состојба, тие даваат можност да се воспостават многу индикатори за здравјето во целина.

На пример, при преглед кај офталмолог може да се открие почетна фаза на сериозни хронични болести како висок крвен притисок и дијабетес, кои обично се развиваат бавно и без карактеристични симптоми. Понекогаш токму оштетувањето на окото е единствениот знак за присуството на овие болести.

podocnjaci1Оштетена мрежница

На дното на окото се наоѓаат многу мали крвни садови, кои ги хранат мрежницата и оптичкиот нерв. Тие се од големо значење за видот, бидејќи токму тие се одговорни за видната перцепција. Овие крвни садови се многу деликатни и лесно ранливи. Затоа тие први се оштетуваат под влијание на неповолниот крвен притисок и зголемениот шеќер во крвта. Така се доаѓа до влошување на видот. Едно од нарушувањата што се јавува при оштетена мрежница се нарекува ретинопатија.

– Дијабетична ретинопатија е последица од оштетување на крвните садови што резултира со дијабетес.

– Хипертензивна ретинопатија претставува оштетување на крвните садови предизвикана од висок крвен притисок.

Ретинопатијата е опасна состојба која предизвикува заматен вид и може да се стигне дури до трајно губење на видот. Истражувањата покажуваат дека ако човек страда од оваа состојба, ризикот од развој на срцева слабост се зголемува значително – 2-3 пати.

Закана за здравјето

Ако дијабетесот и високиот крвен не се лекуваат соодветно, тие можат да им наштетат не само на очите, туку можат да доведат до:

vezbi-za-zamoreni-oci-01– кардиоваскуларна болест
– мозочен удар
– проблеми со бубрезите
– оштетување на нервниот систем
– поголем ризик од инфекции

Со помош на офталмоскоп може да се утврди присуство на сериозни заболувања уште во самиот почеток и да се преземат навремени мерки за нивна контрола и лекување.

Огледало на душата

Очите се еден од најкомплексните органи на човечкото тело. Во литературата тие често се нарекуваат “огледало на душата”, но можат да бидат и огледало на многу болести, кои се развиваат целосно незабележано во нашиот организам – барем според алтернативната медицина.

– Подуеноста на горните очни капаци може да сигнализираат за формирање камења во жолчката.

– Ако во очите редовно ви се појавува бела слузеста материја, треба да ја прегледате катарактата

– Малите темни флеки под очите се знак за појава на камења во бубрезите.

– Јачменот на окото зборува или за инфекција или за консумирање премногу мрсна храна, која ја отежнува работата на црниот дроб и жолчката.

– Ако кожата под очите ви има виолетова или кафеава нијанса, тоа е сигнал да ги проверите бубрезите, нивото на гликозата во крвта, тироидната жлезда и кардиоваскуларниот систем.

– Честите трепкања со очите се знак не само за неувереност во себе, туку и за евентуално заболување на нервниот систем и на црниот дроб.

– Внатрешноста на капаците на здравиот човек има розова боја. Ако бојата е црвена, тоа зборува за нарушувања во циркулацијата, растројство во дигестивниот систем или проблеми во половата сфера.

– Бледилото на внатрешната површина на очните капаци предупредува на анемија предизвикана од недостиг од железо и недоволно количество хемоглобин во крвта.

Капки за очи

По четириесеттта година луѓето веќе почнуваат да страдаат од миопија и далекувидост. Токму во овој период се случуваат возрасните измени на крвните садови на целиот организам, вклучувајќи и на очите. Затоа, се препорачува редовен преглед на очите за навремено лекување или спречување на поголемо заболување.

Сите капки за очи со витамини се применуваат само по препорака на лекар или специјалист – офталмолог. Витаминските капки се ставаат по одредена шема и не треба да се користат постојано.

Во некои случаи е најдобро да се користат капките за очи, на пример, кога визуелноста е ослабната при вечерно осветлување или вештачка светлина. Но, капките за очи се користат и при пролетни алергии, кога очите постојано солзат.

Сепак, треба да знаете дека не смеете на своја рака да ги употребувате без консултација од лекар.

Особености како во мозокот

Австралиските научници од Универзитетот во Канбера дошле до заклучок дека по измените и оштетувањето на крвните садови во очите може со голема доза сигурност да се предвиди веројатноста од мозочен удар.

Тие истражувале 7 години над 3.000 Австралијци на возраст над 49 години, на кои периодично ја фотографирале мрежницата на окото за да ги разјаснат можните оштетувања на крвните садови во нив.

Резултатите покажале дека кај 70 отсто од луѓето со нарушувања на ретината веројатноста за мозочен удар е значително поголема.

Научниците ги имале предвид и традиционалните фактори за ризикот од мозочен удар како пушењето цигари и високиот крвен притисок. Според нив, крвните садови на очите имаат слични анатомски и други особености како тие во мозокот.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top