Лушпата од портокалот содржи всушност 4 пати повеќе растителни влакна од самата сочна внатрешност на целиот портокал. Лушпата исто така е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата лушпа, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.Проблемот е тоа што кората од портокалот е горчлива и не е вкусна за јадење. За да можете да ја конзумирате лушпата изрендајте ја врз некоја салата и уживајте.
Исто така кората од портокалот можете рендана да ја користите во некој сладок рецепет (пр. торта). Лушпата од јаболкото содржи 87% повеќе фитохеникалии кои се борат со ракот одколку месниот дел од јаболкото. Јаболкото за разлика од портокалот и кивата, содржи повкусна лушпа па затоа нема оправдување да се избегнува нејзиното конзумирање.Краставицата е одлична ужина помеѓу оброците – но со лушпа се разбира. Таа содржи силица која што претставува хемикалија која помага во изградба на колaгенот (сврзно ткиво за затегната кожа и мускули).
За среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенифиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и злениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи во него се содржи аминокиселината цитрулин. Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација и повеќе крв ќе проструи низ телото.
Доколку до сега немате пробано лушпа од кива, сега е вистинското време за тоа. Влакнестата обвивка се бори активно со инфекции од типот на Ешерихија Коли и Стафилококус. Наместо да ја јадете лушпата, ставете ја целата кива во блендер и направете си смути.Лушпата од банана содржи Б6 и Б12, магнезиум и калиум. Лушпата исто така содржи повеќе влакна од месниот дел на бананата.
Друга придобивка е фактот што содржи трипофан, кој што ги зголемува нивоата на серотонин. Истражувањата покажале дека значително се подобрува расположението, а со тоа се намалува ризикот од депресија и нуди стабилизирачко ниво од нагла промена на расположението.Доколку не сте доволно храбри да изедете сурова кора од банана, можете да ја зовриете неколку минути и потоа да ја изблендате како додаток во вашето смути.