Секој ден низ бубрезите поминува околу 200 л крв, за да се прочисти од отрови и токсини. Бубрезите исто така произведуваат важни хормони: еритропоетин ( кој стимулира производство на црврни крвни клетки ), ренин ( кој го регулира крвниот притисок ) и калцитриол ( активна форма на витамин Д ).
Адекватната исхрана и користењето на витамини и чаеви кои ги прочистуваат бубрезите им овозможува на бубрезите да работат подобро, освен тоа го намалува ризикот за создавање на камен, а помага и во исфрлање на токсините од организмот кои тешко се елиминираат.
Билки за чистење на бубрезите
Многу билки и зачини можат да помогнат во подобрувањето на работата на бубрезите, најдобри од нив се следините:
-
Ѓумбир
- Корен од бел слез
- Смрека
- Магданос
- Коприва
Намирници за чистење на бубрезите
- Лубеница
- Лимон
- Портокал
- Брусница
Чај од семки од целер
Истиот начин на подготовка како и кај семките од лубеница. Консумирајте го оладен и повеќе пати на ден. Семките од целер се делотворни за чистење на бубрезите.
Чај од семки од лубеница
Овој чај особено е делотворен кај луѓето кои имаат проблеми со камен во бубрезите. Земете лажичка семки, исечкајте ги и прелијте ги со топла вода. Чајот пијте го до три пати дневно.
Чистење на бубрезите по Др. Кларк – Овој рецепт е комплициран.
½ филџан сив корен од Hydrangea – стеблеста хортензија ( Hyrangea arborescens )
½ филџан корен од црвена конопка ( Eupatorium purpureum )
½ филџан корен од бел слез ( Althea officinallis )
4 китки свеж магдонос
Ѓумбир во прав
Концентрат од црна вишна, 250 мл
Малку витамин Б2 во прав
Витамин Б6, 250 мг
Таблетки магнезиум оксид, 300 мг
Измерете ¼ од секој филџан од корените и оставете да отстои, заедно со 10 филџани ладна вода од чешма, користејки неметален сад и неметален капак.
После 4 часа ( или преку ноќ ) додајте 250 мл концентрат од црна вишна и лесно варете 20-ина минути. Испијте ¼ чаша кога доволно ќе се излади. Остатокот истурете го низ цедалка во стерилен стаклен сад. Изладете го стаклениот сад.
Проварете свеж магдонос, после измивање во ¼ вода во тек на три минути. Испијте ¼ чаша кога доволно ќе се излади. Изладете еден стаклен сад и еден замрзнете. Остатокот од магдонос искористете го за супа и сл.
Дозирање
Секое утро заедно ¾ филџан мешавина од корени и ½ чаша вода од магдонос, полнејки голема шолја. Додајте 20 капки тинктура од КУДЕЉА. Испијте ја оваа мешавина во неколку дози во тек на денот. Чувајте на ладно. Немојте се одеднаш да испиете бидејки че имате стомачни проблеми и ќе чувствувате притисок на мочниот меур. Ако стомакот ви е многу чувствителен, започнете со половина од оваа доза.
Како да го намалите ризикот од бубрежни болести?
Ако сакате вашите бубрези да останат здрави мора да применувате поголем дел од следниве совети:
- Избегнувајте пушење и активно и пасивно
- Избегнувајте алкохол
- Избегнувајте енергетски
- Контролирајте го притисокот
- Контролирајте го холестеролот
- Контролирајте ја телесната тежина